КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Јапонија и Саудиска Арабија нови патници за Катар 2022

Филип Здравески
/ 24.03.2022 / 13:23

Светското првенство доби уште два учесника откако претпоследното коло во азиските квалификации стартуваше утринава со победата на Јапонија на гости кај Австралија.

Јапонците беа во подобра позиција на табелата, им одговараше и реми, а со победа дефинитивно си ја заверија визата за Мундијалот во Катар и воедно ја испратија таму и Саудиска Арабија.

Откако првиот дел заврши без голови се чинеше дека и натпреварот ќе заврши со тој резултат, но во последните минути паднаа два гола, и двата дело на резервистот Каору Митома кој настапува за белгискиот прволигаш Ројал Унион. Во 89-тата минута по една одлична акција Митома погоди за 0:1, а во 4. минута од судиското надополнување се прошета низ домашната одбрана и со втор гол стави печат на драгоцената победа.

Remote video URL

Со овие 3 бода, освоени во директен дуел со ривалот Австралија, Јапонците собраа 21 бод, или 6 повеќе од Австралија со само еден натпревар до крајот, што значи дека веќе можат да размислуваат за Мундијалот.

Иако Саудиска Арабија својот натпревар од ова 9. коло ќе го игра од 16 часот на гости кај Кина, победата на Јапонија ги израдува и нив. Со 19 бодови Саудиска Арабија има 4 повеќе од Австралија која веќе не може да се искачи погоре од 3. место, што значи дека Саудијците одат на Светско, додека Австралија во бараж.

Табела со некомплетно 9. коло:

Со денешните два квалификанта сега познати се 17 земји учеснички на завршницата, вклучувајќи го и домаќинот Катар.

Денешниот ден нуди богата квалификациска програма со натпревари во сите зони, а за нас интересното доаѓа во 20:45 часот кога Македонија ќе ѝ се спротивстави на Италија со директен пренос на SK1.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе