УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Јуве само по четврти пат испадна уште во групната фаза од ЛШ

Филип Здравески
/ 26.10.2022 / 09:27

Синоќешниот неуспех кога со поразот од Бенфика тимот на Јувентус на коло пред крајот се збогува од Лигата на шампионите е само четврти ваков во историјата на клубот од Торино.

Откако и по втор пат загуби од португалскиот гигант, овој пат со 4:3, Јувентус прв пат по сезоната 2013/14 доживеа елиминација во фазата по групи.

Remote video URL

Гигантот од под Алпите откако ова европско клупско натпреварување доживеа реформа во 1992 година (откако постои групната фаза) е еден од најчестите учесници. Ретко доживувал вакви неуспеси, но сепак ги имал.

Сезона 2000/2001

Од воведувањето на фазата по групи во Лигата на шампионите великанот од Торино прв пат не помина група во сезоната 2000/2001 кога противници му беа Хамбургер (Германија), Панатинаикос (Грција) и Депортиво Ла Коруња (Шпанија). Таа сезона беше всушнсот и најлошиот пласман на „Старата дама“ бидејќи заврши на последното место.

Резултати:

Ла Коруња 0:0 и 1:1
Панатинаикос 2:1 и 1:3
Хамбургер 1:3 и 4:4

Сезона 2009/2010

Првата сезона за Јуве во европската елита по скандалот Калчополи. Во група со Баерн (Германија), Бордо (Франција) и Макаби Хаифа (Израел) завршпи трет откако успеа да го победи само израелскиот шампион. Изненадувачки, тогаш во групата газеше Бордо кој не успеа да победи само на еден натпревар и тоа против Јуве во Торино.

Резултати:

Бордо 1:1 и 0:2
Баерн 1:4 и 0:0
Макаби Хаифа 1:0 и 1:0

Сезона 2013/1014

Јувентус беше во група со Реал Мадрид (Шпанија), Галатасарај (Турција) и Копенхаген (Данска) и и покрај фаворитската улога за второто место, на крајот заврши трет со 6 бода и само една победа.

Резултати:

Копенхаген 3:1 и 1:1
Галатасарај 2:2 и 0:1
Реал Мадрид 2:2 и 1:2

Сезона 2022/2023

Во тековнава сезона има уште едно преостанато коло, но за Јуве надеж веќе нема. Останува да се борти само за тртетото место кое води во Лига Европа, а ризикува оваа сезона да ја заврши со најлош скор во својата ЛШ историја бидејќи има само 3 освоени бода со 4 порази. Во последното коло нема да има нималку лесна задача бидејќи игра против еден од фаворитите за титулата - ПСЖ.

ПСЖ 1:2 и 6. коло
Бенфика 1:2 и 3:4
Макаби Хаифа 3:1 и 0:2

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе