Фудбалерите на Арсенал синоќа во вистинскa голеада и спектакл славеа кај Лутон на гости, а тоа е триумф што Топџиите го чекаа долги 37 години.
Арсенал победи со 4:3 на Кенилворт Роуд во еден од најдобрите натпревари во сезоната. Домашниот Лутон имаше водство од 57. минута и голот на Рос Баркли, но следеше драматичен пресврт.
Каи Хаверц погоди за 3:3 во 60. минута, но Деклан Рајс го реши натпреварот со гол во 97. минута, кога се чинеше дека екипите ќе поделат по бод.
Голот за бунило меѓу навивачите на Арсенал погледнете го ОВДЕ.
Со оваа победа Арсенал и по 15. коло го обезбеди првото место во поредокот во Премиер лигата, бидејќи моментално има пет бода повеќе од второпласираниот Ливерпул, без разлика како „црвените“ ќе го завршат мечот во оваа рунда.
Но, она што е интересно е дека Арсенал долги 37 години чекаше на победа на Кенилворт Роуд. Иако тимовите не се сретнале од 1991 година, Топџиите не славеле на гостувањето кај Лутон во последните 10 натпревари.