Кога бирате каква боја на облека купувате, обидете се да изберете нијанси во кои се чувствувате најдобро бидејќи тоа ќе поттикне позитивна енергија. Која фенг шуи тајна би требало секоја жена да ја знае?
Ако преферирате црна боја, дали знаете што симболизира таа? Најчесто луѓето ја поврзуваат, во спиритуална смисла, со негативната енергија и тагата. Според источниот фенг шуи, црната боја има врска со водата.
Експертите веруваат дека тоа е така поради фактот што црнилото одразува длабочина и бесконечност на водниот елемент. Облеката во потемни нијанси, според фенг шуи, се толкува како знак на стабилност. Ако има закажано важен состанок или мора да извршите важна работа или задача, носете црна боја.
Сепак, фенг шуи експертите предупредуваат дека не треба од глава до пети да се облечете во црно, туку внимателно да ја дозирате оваа боја. Црната го засилува ефектот на другите бои, па пожелно е да не ја правите главна боја.
Психолозите велат дека црна боја бираат луѓето кои сакаат да создадат чувство на мистерија. Црната облека е неверојатно енергетски привлечна. Ако сакате да привлечете внимание, а истовремено да изгледате пристојно и елегантно, облечете црно.
Ова одлично функционира и на првиот состанок. Експертите за боја препорачуваат ограничување на црната боја и освежување на црна комбинација со други бои. Најдобри опции се црна и црвена, црно-бела и црна и сина комбинација.