Како да разликувате настинка од воспаление на синуси?

Најчесто кога ви тече носот, претпоставувате дека станува збор за настинка. Но, ако состојбата не се подобрува или напротив, се влошува, можеби во прашање е воспаление на синуси.

Важно е да знаете дека иако може да се појават слични симптоми, настинка и воспаление на синуси се две различни состојби.

Обичната настинка, поточно вирусното воспаление на назалната слузокожа и предниот дел на грлото, ја карактеризира кивање, чувство на затнат нос и уши, стегање и лесна болка во грлото. Болеста почнува по инкубација од еден до три дена и најчесто трае околу седум дена по што доаѓа до целосно оздравување.

Симптоми на настинка вклучуваат болно грло, растечен нос, кашлица, кивање, главоболка и болки во телото.

Воспалението на синуси вклучува воспалена и отечена синусна слузница која може да биде бактериска, вирусна па дури и габична.  Најчести симптоми се притисок во главата и главоболка, обилен исцедок од нос, а кај посилни воспаленија и зголемена температура.

Важно е да се направи детален преглед

Ако има гноен секрет тоа може да значи бактериско воспаление. Исцедок со крв исто така зборува за воспаление и треба детално да се прегледа целата носна шуплина.

Според Американскиот центар за алергија, астма и имунологија, симптоми на воспалени синуси вклучуваат постназално течење, зелена боја на слуз од носот, чувствителност на лицето под очите или челото, болка во предниот дел на главата, болки во забите, кашлица, температура, умор и лош здив.

Кога се оди на лекар?

Експертите советуваат да почекате седум дена пред да одите на доктор. За тоа време обидете се да одморате и пиете доста течности. Ако често се наоѓате во оваа ситуација, експертите советуваат да посетите оториноларинголог.

Брз лек за настинка нема, но важно е да земате многу течности и користите лекови кои може да ги земате без рецепт, но нема да влијаат бидејќи настинката е предизвикана од вируси, не од бактерии.

Воспалението на синуси често минува само од себе, но ако вашата  инфекција никако не минува и е предизвикана од бактерија, ќе ви требаат антибиотици и најдобро е да обратите на лекар.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе