Како и каде настанал Хамас - палестинската екстремистичка група која владее со Газа?

Борбите помеѓу Израел и Хамас траат со децении. Како и Каде настанала оваа организација која на 6 октомври го нападна Израел?

Хамас (حماس), акроним од Харака ал-Мукауама ал-Исламија (حركة المقاومة الإسلامية) со значење Исламско движење на отпорот, е најголемата и една од неколкуте екстремистички исламски вооружени групации. Организацијата Хамас настанала во 1987 година од огранок на Муслиманско братство - сунитска исламистичка група која е основана на почетокот од минатиот век во Египет. Израел тогаш не сметаше дека од шеикот Ахмед Јасин, коосновач на Хамас, има било каква опасност во Појасот Газа, сѐ до 1989 година кога дојде првата Интифада, т.е. побуна.

Во таа прилика беа убиени двајца израелски војници, а Израел реагираше многу брзо со заробување на Јасин и бркање на околу 400 бунтовници на Хамас во Јужен Либан. Нивните лидери до ден-денес инсистираат на тоа дека Израел е окупаторска сила и ја сметаат за нелегитимна држава што се обидуваат да ја ослободат и одбиваат да ги прифатат мировните договори со Израел што беа создадени со Палестинската ослободителна организација во Осло во 1993 година.

Зошто?

Конфликтите со Палестина тлеат уште пред формирањето на државата Израел во 1948 година. Во текот на децениите, многу луѓе беа убиени и ранети од двете страни, а работите дополнително се комплицираа од 1967 година, кога Израел го презеде Појасот Газа од Египет и се повлече од истата територија во 2005 година.

По граѓанската војна со палестинските фракции во 2007 година, територијата, дом на околу 2 милиона Палестинци, падна под контрола на Хамас. Првиот голем конфликт се случи во 2014 година кога Хамас истрела ракети врз Израел на 30 јуни. Тие потоа одговорија со голем воздушен оган врз Појасот Газа, а кога ниту тоа не вроди со плод, започнаа копнена операција која, според израелските власти, била успешна и резултираше со прекин на огнот на двете страни.

Во текот на 2018 година, како и во 2021 година, имаше и големи конфликти, но во саботата на 6 октомври 2023 година Хамас започна координиран копнен, морски и воздушен напад што целосно ги изненади израелските власти.

Досега медиумите јавуваат дека стотици Израелци се убиени или исчезнати, а повеќе од 100 се земени како заложници. Оваа ситуација се смета за најлоша во изминатата деценија. Од друга страна, аналитичарите сметаат дека нападот не се случил случајно бидејќи е датумот на 50-годишнината од почетокот на Јомкипурската војна, која Израел ја водеше против соседите под водство на Египет и Сирија.

САД, ЕУ, Израел, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство и Австралија го сметаат Хамас за терористичка организација. Неколкуте обиди за прогласување на Хамас за терористичка организација од страна на Обединетите нации пропаднаа откако мнозинството секогаш гласаше против.

Швајцарија, Турција, Русија, Кина, Бразил, Саудиска Арабија, Норвешка, Египет, Куба, Боливија, Венецуела, Белорусија и други не го сметаат Хамас за терористичка организација.

Израел (жолто) и Палестина (Појасот Газа и Западниот Брег - сиво)
реклама

Свет

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more
 

Вести

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе