СЕРИЈА А 2021/22

Калабрија: Миланското дерби е најголемото дерби во светот

Дефанзивецот на Милан во пресрет на големото градско дерби вели дека тоа е најголемото дерби во светот. Поголемо и од Ел Класико на Реал и Барса и од Суперкласико на Бока и Ривер.

„Миланското дерби е најдобро во светот. Веројатно најдобриот натпревар во светот, вели Давиде Калабрија говорејќи за DAZN.

Интер и Милан играта в сабота од 18 часот на „Џузепе Меаца“, а повторно против „“ ќе истрча Хакан Чалханолу кој летоска премина во Интер. Турскиот репрезентативец погоди од пенал во првото Дерби дела Мадонина во ноември, а голот го прослави под Курва Суд, трибината со навивачите на Милан. Калабрија вели дека неговите соиграчи не му замераат на поранешниот соиграч.

„Не ни мислам дека тоа беше пенал. Беше несреќна ситуација за нас која доведе до тоа да примиме гол. Сепак, неговата прослава не ја свативме лично. Воопшто“, рече тој за DAZN.

Калабрија вели дека сака до крајот на карерата да го носи црвено-црниот дрес.

„Се надевам, тука сум отсекогаш и се надевам дека засекогаш ќе го носам овој дрес. Не се прашувам само јас, многу работи ќе се случат, но денес вака се чувствувам“

Дали саботното дерби ќе биде одлучувачко за Скудетото?

„Сѐ уште е рано за да се каже. Сакаме да победиме и да се доближиме поблиску до Интер. Најсилната страна на Интер е нивната одбрана. Имаат талентирани играчи во нападот, а доколку можам да одберам еден нивен играч да не игра против нас, веројатно би го одбрал Стефан де Врај“

Можеби Калабрија и дружината в сабота ќе треба да истрчаат без Златан Ибрахомовиќ, кој е неизвесен поради повреда.

„Ибра привлекува внимание кај противничките одбрани. Да се има во тимот прави разлика. Сѐ уште е на високо ниво и покрај возраста, така да секогаш е подобро кога го имаме покрај нас“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе