Капелo за Роналдо и Касано: Едниот мирисаше на алкохол, другиот нарачуваше помфрит

Фабио Капело, во својата долга и богата тренерска кариера, работел со големи ѕвезди и со ѕвезди кои непрофесионално се однесувале кон своите обврски. За шпанските медиуми откри како му било во вториот мандат во Реал, кога во тимот биле оригиналниот Роналдо и Антонио Касано.

„Во февруари 2007 година решив да го отпуштам Роналдо. Тој беше некој кој премногу сакаше да се забавува и негативно влијаеше врз тимот“, објасни трофејниот стратег.

Во едно од претходните интервјуа, Капело изјави дека по пристигнувањето во Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој му се пожалил дека соблекувалната мириса на алкохол.

„Тоа беше вистина“, потврди Италијанецот.

Причината за разделбата со Роналдо била неговата прекумерна тежина.

„Кога пристигнав, Роналдо имаше 94 килограми. На Мундијалот во 2002 година имаше 82. Му реков дака мора да ја намали тежината и го направи тоа. Од 94 дојде на 92,5 килограми“.

Кога поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони, му се јавил за совет, Капело му рекол да не го доведува Бразилецот. Тој не го послушал, а трансферот изнесувал околу 8 милиони евра.

„Берлускони ми се јави еден ден и ми постави хипотетичко прашање за трансфер на Роналдо. Го советував да не го прави тоа, му реков дека е тип кој сака да се забавува и мисли само на жени. Ми се заблагодари, а следниот ден прочитав наслов: „Роналдо во Милан“, се сеќава Капело.

За две сезони во Милан, Роналдо собра едвај 20 натпревари, на кои постигна 6 гола. Повеќе време поминуваше во амбуланта отколку на теренот…

Бразилецот не беше единствениот предизвик со кој се соочи Фабио Капело во Мадрид. Проблеми му правел и Антонио Касано.

„Често се каравме. Касано нарачуваше помфрит пред секој натпревар, што е недозволиво, но јас повеќе му се лутев на нашиот готвач отколку на Касано“, изјави Италијанецот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе