УЕФА ЕУРО 2020

Карантин за Англичаните ако сакаат да навиваат во Рим

Англиската фудбалска федерација (ФА) објави денеска дека се откажува од 2.560 влезници што и следуваат за четвртфиналниот дуел на ЕУРО2020 против Украина во Рим, и ги повика англиските навивачи да не патуваат во Италија за натпреварот.

„Ве молиме да имате предвид дека ФА нема да продаде ниту една влезница преку официјалната агенција за патување на англиски навивачи на натпреварот од четвртфиналето поради ограничувањата (поврзани со COVID-19), кои се на сила во Италија и Велика Британија, соопшти ФА.

Натпреварот меѓу Англија и Украина се игра в сабота, а доколку некој англиски навивач сака да ја бодри својата репрезентација од трибините на Олимпискиот стадион во Рим ќе мора да мине петдневен карантин во Италија, а по враќање на британска почва да остане во десетдневна изолација.

ФА, меѓутоа, соопшти дека „се координира со УЕФА и британскиот амбасадор во Италија со цел да се олесни продажбата на што поголем број влезници за британски државјани со престој во Италија“.

Англија вчера пред 40.000 гледачи на „Вембли“ во Лондон ја совлада Германија (2:0) и обезбеди четвртфинална пресметка против Украина в Рим. Во случај на победа, Англија во полуфиналето ќе се врати на „Вембли“ каде ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Данска и Чешка.

Во Велика Британија евидентирани се 26.068 нови случаи на заразени со COVID-19 што е највисок број од 29 јануари, како и 14 смртни случаи.

Повеќе од еден месец, бројот на пациенти се зголемува, но нема многу смртни случаи, а научниците наведуваат дека забрзаната вакцинација ги ослабела последиците од инфекцијата.

Претходниот ден, Велика Британија регистрираше 20.479 случаи.

Досега првата доза ја примиле 84,9 проценти од возрасните, а 62,4 проценти од граѓаните ги примиле двете дози на вакцина против COVID-19.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе