КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Хокеарите научија со топка: Канада првпат по 1986 година ќе игра на фудбалски Мундијал

Филип Здравески
/ 28.03.2022 / 09:14

Земјата на хокејот е едно од најпријатните изненадувања во квалификациите каде синоќа на коло до крајот обезбеди пласман на завршницата во Катар.

Кога ќе се спомене фудбал дефинитивно не се помислува на Канада, земјата каде дечињата веднаш по проодувањето облекуваат лизгалки и ги учат вештините на мразот. Но, фудбалот во оваа земја станува сѐ попопуларен, а за тоа говори и неверојатниот успех кој го направи нивната репрезентација.

Канаѓаните на домашен терен на „БиЕмОу Филд“ во Торонто ја пречекаа Јамајка и со леснотија ја остварија потребната победа. Кајл Ларин уште во 13. минута најави таков расплет на настаните, а на минута пред паузата Тејџон Бјукенен го дуплираше водството.

Во вториот дел следуваше помирна игра, а головите дојдоа на самиот крај. Прво Џуниор Хојлет во 83. минута зголеми на 3:0, а конечниот резултат дојде со автоголот на Адриан Мариапа на две минути пред последниот свиреж.

Remote video URL

Со оваа победа Канада го обезбеди првото место во групата со 28 бодови пред САД и Мексико кои имаат по 25. Од оваа зона првопласираните три репрезентации одат на завршницата, а Канаѓаните имаат и подобар меѓусебен скор со двата северномаерикански великани Мексико (1:1, 2:1) и САД (1:1, 2:0).

URL

Колку Канада беше убедлива во квалификациите говори и фактот што претрпе само еден пораз и тоа на гостувањето кај Костарика со 1:0 пред неколку дена.

Канада прв и последен пат на Мундијал учествуваше во 1986 година во Мексико кога ги загуби сите три натпревари и не успеа да постигне ниту гол (Франција 0:1, Унгарија 0:2, СССР 0:2). оттогаш најчесто не беше ни блиску до нов пласман, а сега сите ги изненади со доминацијата во Северна Америка.

URL

Предводени од 39-годишниот ветеран Атиба Хачинсон, кој со години настапува во средниот ред на турски Бешикташ, канадскиот состав има и неколку познати имиња. Тоа се напаѓачот Џонатан Давид од Лил, левиот бек Алфонсо Дејвис од Баерн, дефанзивниот играч од средината Стивен Еустакио од Порто, напаѓачот Кајл Ларин од Бешикташ и голманот на белградска Црвена звезда - Милан Борјан.

Селектор е англискиот стратег Џон Хрдман кој пред да ја преземе канадската репрезентација ги водеше единствено женските репрезентации на Канада и Нов Зеланд и нема никакво друго тренерско искуство. Откако ја води Канада од јануари 2018 година има 72,5% успешност бидејќи на 40 натпревари забележа 29 победи, 4 нерешени и само 7 порази.

„Имав впечаток дека оваа земја никогаш не веруваше во нас бидејќи претходно не им ни дадовме никаква причина за верба. Сега веруваат. Сите стоиме еден покрај друг - ова е времето за сите да застанеме зад фудбалот и да се обединиме, бидејќи можеме да бидеме фудбалска велесила. И време е. Имаме дете кое освојува Лига на шампиони (Алфонсо Дејвис, заб. на прев.), имаме играчи низ цела Европа, имаме деца чие време допрва доаѓа“, вели возбудениот селектор Хрдман.

„Ние сме најдобриот тим во Северна Америка. Неверојатно е колку сега луѓето веруваат во нас. И ќе биде подобро. Сега сакаме да отидеме на Мундијалот и таму на направиме нешто“, изјави Џонатан Осорио, играч од средниот ред кој настапува во домашниот гигант Торонто.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе