Кинеска Атлантида: 40 метри под површината е древниот Град на лавовите

По кристално чистите води на езерото Цјандао распослани лежат 1.078 острови, а на дното на езерото се крие древен град.

Езерото на илјада острови, како што се нарекуваат, се наоѓа во близина на Ханчоу, главниот град на крајбрежната провинција Џеџан во источнаот дел на Кина. Создадено е во 1959 година по изградбата на хидроцентрала на реката Чиантан, кога долината била поплавена со цел да се создаде резервоарот за вода.

Тогаш, со одлука на властите, поплавен бил античкиот град и бројни помали населби кои го опкружувале. Околу 300.000 луѓе кои живееле во областа биле преселени, а Ши Чен постепено тонел. Градот на лавовите, како што во превод гласи неговото име, во подножјето на планината Ву Ши (Планина на петте лава), денес лежи на околу 40 метри под површината на водата.

Remote video URL

Ши Чен е основан за време на владеењето на династијата Хан, која владеела од 25 до 200 година од новата ера и била важен културен, политички и економски центар на земјата. Градот со векови ги менувал владетелите, а архитектурата станувала сè побогата и побогата.

Градот беше „повторно откриен“ во 2001 година кога кинеската Влада организираше експедиција за да види што останало од изгубената метропола.

Интересот за поплавениот град дополнително се зголеми во 2011 година, кога кинеското издание на магазинот National Geographic објави неколку неверојатни фотографии и илустрации, дотогаш невидени.

И покрај тоа што бил под вода долги години, Ши Чен останал исклучително добро зачуван. Водата го заштитила од ветер, дожд и сонце.

Во наредните години, следуваа бројни истражувања, при што беа откриени надворешните градски sидини, пет влезни порти и 265 заоблени премини. Откриени се утврдени антички маала и населби што Кинезите ги нарекувале со едно име - паифан. Зачуваните градби се претежно претставници на традиционалната кинеска конструкција од времето на династиите Мин и Чин, кои владееле од доцниот 14 до раниот 20 век.

Remote video URL

Оваа енигматична „временска капсула“ ја краси Лавиринтот на белите храмови, спомен-сводовите со разни скулптури од лавови до елени, фенхуан (азиска варијанта на птицата феникс) до чилин (митско кинеско суштество со рогови), зачувани се и дрвени греди и скали, како и поплочени патишта и историски натписи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе