Кој има поголема корист од вежбањето - мажите или жените?

А.С.
/ 26.02.2024 / 14:58

Речиси сите имаат корист од редовното вежбање, но жените имаат поголема корист од мажите, особено кога станува збор за кардиоваскуларното здравје, покажа студијата објавена во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија.

Студијата исто така откри дека со пократко времетраење на вежбање, жените постигнувале слични или поголеми здравствени придобивки од мажите, пишува порталот Medical News Today.

Научниците од Националниот институт за здравје на САД ја следеле здравствената состојба на голема група од 400.000 мажи и жени во САД дваесет години.

Тие заклучија дека жените кои редовно вежбале имале 24 отсто помали шанси да умрат предвреме од која било причина во периодот на студијата. Во исто време, тие имале 36 отсто помал ризик од смртоносен срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни проблеми во споредба со жените кои не вежбале редовно.

Според резултатите од истото истражување, мажите кои редовно вежбале имале 15 отсто помала веројатност за прерана смрт и 14 отсто помал ризик од фатален кардиоваскуларен исход во споредба со мажите кои претпочитале седентарен начин на живот.

Така, студијата покажала дека жените имаат поголема здравствена корист од мажите од редовното вежбање кога имаат намален ризик од смрт и кардиоваскуларни болести.

Колку треба да вежбате?

Научниците открија дека околу 300 минути умерена физичка активност или 110 минути енергична физичка активност неделно се доволни за мажите.

Кај жените кои вежбале 140 минути умерени аеробни вежби неделно, забележан е 18 отсто помал ризик од прерана смрт, додека само 57 минути енергични аеробни вежби неделно резултирале со 19 отсто помал ризик од смрт, што значи дека жените имаат поголема корист. од пократки периоди на вежбање..

Мажите, за да го постигнат истиот бенефит од вежбањето како жените, морале да вежбаат двојно повеќе од жените. Така, кај нив е забележан 18 отсто помал ризик од смрт по 300 минути умерено аеробно вежбање неделно и 19 отсто помал ризик по 110 минути интензивно вежбање неделно.

Вежби за сила

Придобивките од редовното вежбање не се ограничени само на кардио вежбите, се покажало дека е важен и тренингот за сила, а и во овој случај е забележан поголем бенефит кај жените во споредба со мажите.

На пример, кај жените кои редовно практикувале тренинзи за сила, забележан е 19 отсто помал ризик од смрт, додека кај мажите овој процент бил 11 отсто во споредба со нивните неактивни врсници.

Кај жените е забележан 30 отсто помал ризик од кардиоваскуларни проблеми, а кај мажите, кај тренинзите за сила, тој изнесува 11 отсто.

Научниците велат дека причина за тоа веројатно е фактот што машките тела се анатомски и физиолошки различни од женските.

Разликите се видливи во невромускулната функција, капиларната густина и циркулација, метаболизмот на мастите и моментот кога се појавува глад.

Важниот заклучок на оваа студија е дека, без разлика на полот, редовното вежбање значително влијае на намалениот развој на кардиоваскуларни проблеми“, заклучи д-р Елинор Левин, кардиолог и професор на Стенфорд.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе