Колку е опасна хроничната ненаспаност?

Според неодамна објавените резултати од нова студија, една непроспиена ноќ е доволна за да ја наруши вашата дневна ментална и физичка благосостојба, а неколку последователни може дополнително да ги зголемат овие негативни ефекти.

„Последователно губење сон е поврзано со намалување на позитивните емоции, зголемување на негативните емоции и поголема инциденца на сериозноста на физичките симптоми“, рече Соми Ли, главен автор на студијата, објавена во Annals of Behavioral Medicine.

Ли, асистент професор на Одделот за стареење на Универзитетот во Јужна Флорида и директор на Лабораторијата за сон, стрес и здравје (STEALTH), го проучува спиењето и различните фактори што влијаат врз него кај сите популации.

Возрасните треба да спијат најмалку седум часа ноќе, но еден од тројца не спие колку што треба, според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC).

Негативните ефекти од лошиот сон се добро документирани, а нивната појава е поврзана со поголем ризик од разни состојби како што се кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, дебелина и деменција, пренесува Sience Daily.

Меѓутоа, секојдневните ефекти од последователно губење на сонот, не се толку широко истражени.

Новото истражување посебно се фокусира на секојдневните штетни ефекти од губењето на сонот, кое се дефинира како спиење помалку од шест часа дневно, и дали има кумулативни ефекти од повторното губење на сон врз секојдневната благосостојба.

„Спиењето беше еден од непризнаените здравствени исходи, и покрај тоа што спиењето беше многу тесно поврзано со толку различни здравствени исходи“, рече Ли.

Студијата ги испитуваше дневниците за спиење осум последователни дена кај 1.958 средовечни возрасни лица во САД.

Анализата откри дека само една непроспана ноќ резултира со намалување на благосостојбата, и физички, и психички. Покрај тоа, со повеќе последователни ноќи неквалитетен сон, особено по три ноќи, овие ефекти се интензивираа.

„Кога ненаспаноста се случува скоро секој ден, што значи хронично, тогаш нашето тело и ум повеќе не можат да го толерираат“, рече Ли.

„Истражувањата покажуваат дека последователното губење на сон доведува до нецелосно закрепнување и акумулација на стрес и со тоа ја нарушува нашата секојдневна благосостојба“, објасни таа.

Како што се зголемуваше бројот на последователни денови на ненаспаност, се зголемува и сериозноста на негативните физички влијанија, вклучувајќи болки во телото, гастроинтестинални проблеми и респираторни симптоми, како што се болки во грлото и течење на носот, според нивните резултати.

Ли рече дека учесниците ги почувствувале најлошите физички последици по шест последователни дена ненаспаност.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе