ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Ковид-протоколите не се минато: ИХФ донесе строги мерки за Мундијалот

Светското првенство во ракомет ќе се игра од 11 до 29 јануари во Полска и Шведска. Светската ракометна федерација го објави протоколот за коронавирус пред две недели, но на осум дена пред почетокот на турнирот организаторите ги изненадија сите учесници со детали за протоколот и нови информации.

Федерациите на сите земји учеснички мора да обезбедат негативни тестови кои се направени најрано 72 часа пред почетокот на првенството. Исто така, ИХФ ќе спроведува постојани и масовни тестирања за време на турнирот.

Сите репрезентативци кои ќе учествуваат на Мундијалот ќе треба да направат антиген тест по првото коло и уште еден по главната рунда од натпреварувањето.

Сите кои ќе бидат позитивни ќе мора да бидат изолирани пет дена, а во тимот ќе можат да се вратат најдоцна пет дена по позитивниот тест, откако ќе добијат негативен ПЦР тест.

Играчите кои ќе дојдат во контакт со позитивни членови и нема да бидат позитивни на тестот, нема да мора да одат во изолација и ќе можат да го продолжат натпреварувањето.

Сличен начин беше забележан и лани на Европското првенство кога селекторите секојдневно остануваа без решенија на одредени позиции, па целокупната ситуација на крајот од првенството го направи малку бизарно.

За да ги надомести потенцијалните отсуства, ИХФ објави дека промените поради можни позитивни случаи нема да се земат предвид во петте измени одобрени за време на турнирот. Форматот на турнирот е ист како и на последното Светско првенство – 32 репрезентации ќе бидат поделени во 8 групи од по 4 репрезентации.

Трите најдобри селекции од секоја група продолжуваат во второто коло, што носи вкрстување на групите, а потоа двете најдобри селекции од новоформираните групи од второто коло ќе се пласираат во четвртфиналето, од каде што започнува нокаут фазата.

На минатиот Мундијал пред две години коронавирусот направи големи проблеми. Репрезентациите на Чешка и САД поради голем број на заразени го откажаа учеството, па ИХФ ги покани Македонија и Швајцарија да настапат како замени. Потоа во текот на турнирот дебитантот Зелен 'Рт на тестирањата по првото коло доби куп позитивни ракометари и останатите натпревари ги загуби со службен резултат.

Македонија е во групата Ф заедно со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот натпревар го има на 13-ти против Норвежаните со почеток во 20:30 часот во полски Краков.

Бранител на тронот е Данска.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе