Крај на шпекулациите: Откриен изгледот на новиот iPhone

По неколку месеци исполнети со шпекулации, нагаѓања и мистериозни извештаи, конечно „протекоа“ првите детали за дизајнот на новиот телефон на Apple за оваа година, што ќе се појави на пазарот под името iPhone XI.

Дизајнот беше „откриен“ преку рендер видео кое го прикажува уредот од сите агли. Од друг извор дознаваме дека iPhone XI Max ќе биде нешто поголемата верзија на основниот уред iPhone XI.

Систем од три камери на задниот дел

Уште откако во 2016 година на пазарот се појави моделот iPhone 7 Plus, најскапите телефони на Apple доаѓаа со две задни камери. Ама трендовите ја притиснаа компанијата да направи измени и да вгради дополнителна камера, како останатите уреди на пазарот. Ова ќе биде првпат за Apple да имплементира систем од три камери на задниот дел, кој засега е сигурно дека ќе биде присутен кај моделот iPhone XI Max.

Една од камерите се очекува да биде со суперширок агол, а сите три камери ќе бидат сместени во внатрешноста на квадратниот модул, кој може да се види на задната страна на моделот. Засега нема нови информации, но се претпоставува дека сензорите на камерата ќе бидат со добро познатата резолуција од 12 мегапиксели.

Покрај овој сензор, очекувано е системот од три камери да има примарен, но и телефото сензор, кој исто така би имал резолуција од 12 мегапиксели. Во зависност од бојата, ќе се менува и бојата на стаклото на екранот, но сензорите околу себе секогаш ќе го имаат истото стакло во црна боја.

Нема промени на предниот дел, но селфи камерата е унапредена

Според очекувањата, телефонот би требало да го задржи истиот дизајн на предната страна, што ќе претставува трета генерација која доаѓа со истиот изглед, по iPhone X и iPhone XS. Новиот модел би требало да го има добро познатиот 6,5-инчен OLED екран, со голем „notch“ на горниот дел. Некои извештаи велат дека „notch“-от ќе биде минимално намален, но тоа не е прикажано на рендерите.

Покрај тоа, Apple подготвува напредна и усовршена верзија на Face ID технологијата за препознавање на лица, со која корисниците ќе можат да го отклучат телефонот со самото тоа што го држат во близина на себе. По четири години во кои уредите на Apple пристигнуваа со селфи камера од 7 мегапиксели, новиот iPhone XI би требало да има подобрена селфи камера од 12 мегапиксели.

Има ли уште нешто ново?

Иако нема официјална потврда, сепак е познато дека новиот iPhone XI ќе користи процесор од моделот A13, а со него ќе пристигне и новиот оперативен систем iOS 13. Некои гласини велат дека овој модел би можел да поддржува reverse wireless charging, со кој корисниците ќе можат да ги полнат нивните Air Pods и Apple Watch преку тоа што ќе ги допрат до телефонот.

Според најавите, iPhone XI Max би требало да дебитира на традиционалната Apple конференција заедно со основниот модел XI и нешто поевтиниот iPhone XR смартфон.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе