Lenovo откри неколку детали за амбициозниот проект Z5

Заменик претседателот на Lenovo, Чанг Ченг, на кинеската социјална мрежа Weibo објави неколку детали за новиот адут на компанијата чија предна страна ќе биде целосно составена од екран и ќе има текна рамка на страните. Името на телефонот ќе биде Lenovo Z5.

Скица од новиот Lenovo Z5 беше објавена една недела откако компанијата објави слика на која се гледа четвртина од екранот на новиот телефон.

Ченг вели дека телефонот ќе биде во сооднос 95% екран и 5% останато тело, што самото по себе е импресивно, но изненадувањата не застануваат тука. Според неговите тврдења, новиот Lenovo Z5 ќе донесе 4 нови технолошки откритија заедно со 18 нови патентирани технологии. За жал, ќе мора да почекаме за да дознаеме за повеќе детали, а посебно занимливо е да се види како Lenovo има во план да вметне предна камера на овој телефон.

На пример, Mi Mix 2 има сооднос од 91,3% екран во однос на телото, што е меѓу најдобрите во телефонската индустрија, но сепак има мал пластичен дел од телото на долниот дел од телефонот каде е сместена камерата.

Неколку нови пронајдоци беа искористени во производството на Lenovo Z5, од кои дел веќе постоечки, а дел комплетно нови и патентирани од страна на компанијата. Овој телефон ќе има вграден сензор за отпечатоци од прст низ целиот екран.

Lenovo, кој имаше (скоро) неуспешна инвестиција со купувањето на Motorola за 2,91 милијарда долари, во моментов губи дури и на домашниот кинески пазар од брендови како Xiaomi, Vivo и Huawei. На технолошкиот гигант навистина му е потребен полн погодок доколку сака сериозно да се вмеша помеѓу самиот врв на телефонската индустрија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе