ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Ловот по Кејн го достигна пикот: Баерн се ослободува од Мане, ПСЖ нуди 100 милиони

Трката за Хари Кејн ја достигна својата кулминација откако во приказната се приклучи и ПСЖ, додека Баерн повеќе не смета на Садио Мане, на кого му било соопштено дека може да си бара нов клуб, пренесува новинарот на германски Kicker, Георг Холцнер.

Сенегалецот, кој одигра 38 натпревари минатата сезона, и неговите менаџери добија порака од Баерн и сега се во потрага по нов клуб.

Тоа наводно било направено за да може Баерн да заработи повеќе за да испрати поголема понуда до Тотенхем за Кејн. Со заминувањето на Мане би се зголемил и буџетот за плати на баварците, со оглед на високата плата што ја добива Сенегалецот.

URL

Договорот на Мане е до летото 2025 година и Баерн се надева дека клубовите од Саудиска Арабија се подготвени да инвестираат во поранешниот напаѓач на Ливерпул.

Претходно беше објавено дека за Мане се заинтересирани Ал Наср и Ал Етифак, чиј нов тренер е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, а каде настапува и нашиот Дарко Велковски.

Сепак, во приказната се вклучи и Пари Сен-Жермен, чии челници се подготвени да му платат на Тотенхем 100 милиони евра обештетување за капитенот на лондонскиот клуб, пренесува француски RMC.

URL

Тотенхем одби две понуди од Баерн од 70 и 80 милиони евра за Кејн, бидејќи лондонскиот клуб бара 100 милиони евра.

Французите наведуваат дека претставници на ПСЖ веќе разговарале со Кејн и челниците на Тотенхем, а за следната недела е закажан нов состанок на сите страни.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе