Малку поинаков рецепт: Компир пица со кисели краставички

Компир пицата со кисели краставички е совршен оброк со продорен вкус и совршена арома. Крцкава и киселкаста, а брзо се подготвува.

Компир пицата со кисели краставички е многу едноставно јадење, брзо се прави и не е скапо. Во пицата со компири можете да додадете и лути пиперки, доколку сте љубител. Еве како да направите пица од компири со кисели краставички.

Потребни состојки:

  • 250 гр брашно
  • ½ лажичка морска сол
  • 3 гр сув квасец
  • 6 лажици маслиново масло
  • 120 гр топла/млака вода
  • 300 гр компири
  • 1 мал кромид
  • 20 гр копар
  • 10 кисели краставички
  • 100 гр павлака за готвење

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 200°C. Измешајте брашно, сол и квасец. Во тава измешајте 2 лажици маслиново масло со топла вода. Истурете ја течноста во брашното додека се меша со мала брзина за да се соедини, а потоа измесете го тестото додека не се изедначи. Покријте го садот и оставете го да отстои на топло место околу 1 час додека тестото не нарасне.

Во меѓувреме подгответе сѐ останато. Компирите исечкајте ги на коцки од по сантиметар (не треба да се лупат, само измијте ги) и распоредете ги на плех. Намачкајте со 1 лажица масло и сол, па печете 20 минути. На другата полица ставете уште една голема тава да се загрева.

Исечете го кромидот, а потоа посипете со прстофат сол (ова ќе помогне да омекне) и оставете го на страна. Исечкајте го копарот, па ставете го во мал блендер/мини процесор со 3 лажици масло и половина од киселите краставички (ставете и малку од течноста од теглата). Додадете прстофат сол, а потоа изматете додека целосно не се изедначи.

Откако компири ќе се печат 20 минути, извадете ги и зголемете ја температурата на рерната на 250°C. Расукајте го тестото во груб правоаголник и внимателно ставете го на загреаниот плех. Посипете ја павлаката за готвење и потоа прелијте со половина од преливот што сте го направиле. Одозгора посипете кромид, делумно печените компири и преостанатите кисели краставички. Печете 12-15 минути додека не порумени и подлогата не биде печена. За сервирање, прелијте го преостанатиот прелив.

Уживајте во пица од компири со кисели краставички.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Рецепти

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе