ЕПЛ КУП 2022/2023

Манчестер Јунајтед по 6 години избори финале во Лига купот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Нотингем Форест со 2:0 и со тоа се пласираа во финалето на Лига купот со вкупни 5:0.

Јунајтед немаше поголеми проблеми да го потврди пласманот, кој беше речиси решен по првиот натпревар и оние 0:3 во Нотингем. Сепак, тренерот Ерик тен Хаг изведе прилично силен состав, без разлика на резултатот од првиот натпревар.

Во првото полувреме немаше голови, а потоа Јунајтед за две минути го реши прашањето на победникот.

Во 73. минута Ентони Марсиал погоди, а само три минути подоцна Фред постигна гол за конечни 2:0 и пласман во финалето на Лига купот со многу убедлив резултат.

Remote video URL

Така го добивме дербито меѓу два Јунајтеда во финалето. Иако Лига купот се смета за „помалку важен“ во Англија, оваа година нè очекува фантастично финале.

Во дуелот за трофејот ќе го гледаме Њукасл Јунајтед против Манчестер Јунајтед. Њукасл го чека трофејот цела своја историја, додека Јунајтед го нема освоено трофејот шест години, што е голема суша за ваков фудбалски гигант. Последен пат го освои во 2017 кога со 3:2 го победи Саутемптон во финалето.

Лига куп финалето е закажано за 26 овој месец во Лондон, нормално - на „Вембли“. Бранител на троннот беше Ливерпул.

За „Црвените ѓаволи“ ова ќе биде вкупно 10-то Лига куп финале, а има 5 победи и 4 порази. За Њукасл ќе биде само второ бидејќи досега го има само финалето од 1976 година, кое го загуби од Манчестер Сити со 2:1.

Англискиот Лига куп всушност го носи името ЕПЛ куп (затоа што е организиран од Англиската фудбалска лига), а поради спонзорски причини моментално се нарекува и Карабао куп. Сепак, историски и разговорно го викаат Лига куп.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе