Меделин Мекен е мртва, но не знаеме каде е телото - тврди германски обвинител

Германскиот обвинител Ханс Кристијан Волтерс изјави дека има докази кои укажуваат дека исчезнатата Меделин Мекен е мртва.

Тој рече дека на полицијата ѝ се потребни уште информации и упати апел до луѓето кои престојувале во одморалиштето Праиа да Луз пред 13 години кога исчезна Британката Меделин, да споделат каква било информација што ќе помогне во истрагата против осомничениот педофил Кристијан Б.

Волтерс призна дека засега „нема цврсти докази“ за да може да го изведат на судење осомничениот кој отслужува затворска казна во Германија по други обвиненија за злоставување деца.

„Судејќи по сите информации кои ги добивме, девојчето е мртво. Нема информации дека е жива. Сите индиции кои ги имаме, а за кои не можам да зборувам со јавноста, укажуваат во една насока – Меделин е мртва“, рече тој.

Волтерс нагласи дека уште немаат најдено тело и дека секоја информација за движењето на Кристијан Б. Во португалското одморалиште од каде исчезна Меделин ќе биде корисна и во таа насока.

Меделин имаше речиси четири години кога исчезна од апартманот каде престојувала со нејзините родители во туристичкото место Праиа да Луз во Алгарве, Португалија во 2007 година.

Таа спиела во апартманот додека родителите биле на вечера со пријателите во непосредна близина.

Германскиот обвинител рече дека неговата истрага сега го опфаќа целиот период во кој се смета дека осомничениот живеел во Алгарве, од 1995 до 2007 година.

„Ни треба помош и од британските туристи кои можеби престојувале во Праиа да Луз во периодот од 1995 до 2007 година. Само така ќе можеме да го решиме случајот на Меделин Мекен“, рече Волтерс.

„Засега немаме доволно докази за да го изведеме Кристијан Б. на суд, но имаме некои докази дека тој е убиецот“, додаде тој.

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Живот

Кога почнува староста?

Read more

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе