Актуелниот светски шампион Аргентина ќе има својата селекција на Олимписките игри во Париз благодарение на големата победа од 1:0 над Бразил во јужноамериканските квалификации.
Тренерот на селекцијата до 23 години, поранешниот играч на Ливерпул и Барселона, Хавиер Масчерано, со победата над Бразил го забележа најголемиот триумф во досегашната тренерска кариера.
Со оглед на тоа што со години играше со Лео Меси и Анхел Ди Марија, очекувано доби прашање дали двајцата великани на аргентинскиот фудбал може да се очекуваат во составот на „Албиселесте“ во Париз.
„Треба да бидете внимателни. Сите го знаат мојот однос со Лео и Анхел. Ние сме пријатели. Како селектор имам обврска да ги повикам, но се подразбира и дека имаат други обврски и од тоа ќе зависи. Не е сѐ толку едноставно. Ќе има време да говориме на таа тема“, призна Масчкерано за Marca.
Масчерано беше двократен олимписки шампион со Аргентина во 2004 година во Атина и 2008 година во Пекинг. Во тимот кој го одбрани златото беше Лео Меси.