Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат 61 пратеник

Макфакс
/ 29.04.2024 / 08:24

Идниот претседател Гордана Силјановска-Давкова победи во сооднос поголем од 2-1 со историска разлика од 183 илјади гласа во однос на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Тоа е историски резултат, и резултат кој нас нѐ обврзува, бидејќи народот со право има големи очекувања и очекува дека идната влада на коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача брзи резултати, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашниот митинг во Демир Хисар.

Претседателот Мицкоски истакна дека ветува дека ќе има брзи резултати.

„Од мое име и од името на коалицијата можам да ви ветам дека брзи резултати ќе има, имаме програма наречена Платформа 1198, во таа платформа, во тој документ се содржани решенија за потребите на граѓаните на Македонија, бидејќи тие го најдоа своето место во таа изборна програма како резултат на неколку месечна, годишна комуникација која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја имаше преку организирање трибини, посети лице во лице, разговори. Сето она кое е содржано таму е навистина решение за реалните потреби на секој граѓанин во Македонија“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„Вистинското прашање е дали некој овде во Демир Хисар видел програма на нашите политички противници и дали некој знае како се вика таа програма на нашите политички противници. Ние веќе ја поминавме Македонија, еве веќе 25-ти ден од оваа кампања, и претпоставувам дека нема граѓанин, нема човек во Македонија кој не знае дека ние молиме за поддршка за Македонија да биде повторно горда и твоја. Дали некој знае која е пораката на нашите политички противници, освен ако се земе дека сите тие се тепаат да ги искористат двете магични букви ЕУ, само тоа“, кажа Мицкоски.

Истакна и дека една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат 61 пратеник, а Гордана Силјановска-Давкова ќе е идниот претседател. Тој упати апел масовно на 8 мај да се излезе и да се заокружи бројот 2.

„Една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник и Гордана Силјановска-Давкова е идниот претседател, сѐ останато е лага. Сите оние кои се претставуваат како антивладини опозициски гласови или гласачи или политичари четири дена молчат што ќе ги советуваат гласачите кои во првиот круг го дадоа гласот за нив, што ќе прават во вториот круг на гласање. Ќе излезат да гласаат, нема да излезат да гласаат, ако излезат да гласаат, што ќе ги советуваат за кого да гласаат за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска-Давкова, ајде да ги слушнеме, ајде сите да ги повикаме, 4 -5 дена молчите, а се претставувате како опозициски кандидати, кажете го вашиот став да го слушнат граѓаните во Македонија, да видиме кој е вашиот совет, бидејќи сепак неколку десетици илјади луѓе гласаа и за нив“, дециден е Мицкоски.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more
 

Ново

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе