УЕФА ЕУРО 2020

Мората се огласи по вчерашното решавачко промашување

Човекот кој негативно го реши пенал-рулетот за Шпанија ја прекина тишината и се огласи за лошото искуство.

Алваро Мората прво ја спаси Шпанија од пораз откако постигна израмнувачки гол на 10 минути пред крајот и го одведе натпреварот во продолженија. Победник немаше ни по дополнителните половина час игра, па натпреварот замина во пенал-рулет.

Таму, во четвртата серија при водство на Италија од 3:2, Џиџи Донарума го одбрани ударот на Мората во десниот долен агол, шут кој потоа се покажа решавачки бидејќи Жоржињо потоа беше сигурен реализатор испраќајќи ги „Аѕурите“ во финале.

„Овој тим заслужи повеќе, многу повеќе. Како и цела Шпанија, така беше и мој сон, наш сон. Можам само да кажам дека сум горд што бев дел од оваа екипа. На сите кои веруваа во нас, БЛАГОДАРАМ. Фудбалот понекогаш знае да биде многу тежок. Да живее Шпанија“, напиша тој на својот Instagram профил.

Поради промашувањето, играчот на Јувентус е цел на лавина критики и напади од страна на навивачите кои во него гледаат причина зошто Шпанија е елиминирана.

Селекторот Луис Енрике на вчерашната прес-конференција по завршувањето на натпреварот застана во негова одбрана.

„Имаше проблем со адукторот, но без разлика на тоа сакаше да го изведе пеналот и тоа многу кажува за тоа каква личност е. Со тешките ситуации одлично се справи, им создаде проблеми на противниците и постигна гол“, рече тој.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Како треба да се чува кромидот за да остане свеж?

Read more

Фудбал

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе

Никој не знаел или не сакал да ја активира: Кејн има клаузула - уште зимава можел да си оди од Баерн

Читај повеќе