Може ли пајак да убие и да изеде змија?

Пајакот и змијата, кои се наоѓаат на црната листа кај повеќето луѓе, се чини дека имаат многу поголеми меѓусебни проблеми.

Може ли пајак да убие и да изеде змија?

Прашањето може да звучи како хипотетичко или како кога децата разменуваат невообичаени прашања во училишниот двор, но тоа е навистина темата на новото истражување објавено во научното списание Journal of Arachnology. Одговорот е - да! И толку решително „да“ што дури и научниците кои го направија истражувањето се воодушевени од добиените резултати.

„Се изненадив од фактот што пајаците јадат змии на сите континенти (освен Антарктикот)“, вели водачот на истражувањето, Мартин Нифелер, експерт за пајаци на Универзитетот во Базел, Швајцарија. „Бев изненаден што има толку многу различни групи пајаци кои се способни да убиваат и да јадат змии и голем број на различни видови“, додава.

Нифелер и неговиот колега и коавтор, експерт за змии од Универзитетот во Џорџија, Витфилд Гибонс, го пребарувале секое парче научна литература што можеле да го пронајдат, како и на веб-страници и социјални мрежи, вести, па дури и стари изданија на списанието National Geographic за што е можно повеќе информации да најдат на оваа тема. Откриле повеќе од 300 снимени случаи, а податоците вклучувале повеќе од 40 видови пајаци и повеќе од 90 видови змии.

Како што може да се очекува, големите пајаци како тарантулите се меѓу оние кои најчесто имаат влекачи за оброк, но тие не се шампиони во оваа категорија. Оваа титула ја има семејство пајаци познато како териди, на кои им припаѓаат и црните вдовици.

„Истражувањето, исто така, значително ги проширува нашите знаења за пајаците како предатори, кои играат поголема улога во рамнотежата на екосистемите отколку што се сметаше претходно“, вели Нифелер.

„Сите пајаци во светот заедно тежат околу 25 милиони тони, што значи дека се способни да убијат околу 400 до 800 милиони тони плен годишно. За целосно разбирање на важноста на пајаците во рамнотежата на природата, клучно е да се разбере целиот спектар на нивните навики во исхраната“, објаснува тој.

Како напаѓа пајакот?

Змиите кои се хранат со пајаци се претежно мали, во просек долги околу 25 сантиметри, но дури и тие се многу поголеми од пајаците чија просечна должина на телото е околу 1,5 сантиметри.

Во повеќето случаи (како што се теридите), пајаците ткаат екстремно силни мрежи, кои често се протегаат до земјата, со кои ги ловат змиите. Кога ќе ја фатат во мрежа, пајакот ѝ дава отровен залак кој ја парализира, потоа ја завиткува со нишки и ја влече на местото каде што ќе ја изеде. Принципот на лов е ист како кај помал плен како мува, со таа разлика што на дигестивните ензими им треба повеќе време за да ги омекнат деловите на змијата, па овој оброк може да трае со денови.

„Иако постојано зборувам за јачината на пајаковата мрежа, мислам дека го потценив овој неверојатен материјал. Претпоставував дека змија може да се извлече на сигурно затоа што нивните мускули се цврсти како карпа“, вели Себастиан Ечевери, експерт за пајаци и уредник на Arachnofiles.

Околу 30% од змиите што ги ловеле пајаците биле исто така отровни, како што се коралните змии, австралиските кафеави змии и ѕвечарки, но во овие ситуации тие немале корист од тоа.

„Змиите немаат начин да се бранат од пајаците со отров“, вели Емили Тејлор, биолог и директор на лабораторијата за физиологија на рептили на Државниот политехнички универзитет во Калифорнија.

Добри (змиски) самарјани

Бидејќи на бројни напади присуствувале и луѓе, научниците анализираа друга ситуација - кога луѓето треба да интервенираат.

Од 319 појави пајаци против змии, пајакот успеал да ја убие змијата во 87% од случаите. Во 1,5% од инцидентите змијата сама се спасила. Но, во 11% од случаите луѓето притчале на помош спасувајќи ги змиите.

Дури и во Австралија, каде што најмногу судири се случуваат меѓу кафеави змии и црвенокоси пајаци - два вида смртоносни за луѓето - имало случаи кога луѓето ослободиле змија и ја исчистиле од пајажината.

„Бидејќи повеќето луѓе не сакаат пајаци или змии, многу сум изненаден што има такви кои се подготвени да интервенираат“, вели Нифелер, кој и самиот има фобија од змии.

Со оглед на разновидната исхрана на пајакот, истражувањето може да поттикне и понатамошни студии за тоа како делува нивниот отров.

„Иако сега имаме прилично добро разбирање за тоа како токсините од црна вдовица влијаат на нервниот систем на 'рбетниците, сепак имаме слабо го разбираме начинот на кој делуваат токсините кај многу други видови на пајаци“, завршува тој.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе