СЕРИЈА А 2021/22

На Интер не му фали Лукаку, но му фали на Лаутаро

Додека навивачите на Интер веќе го заборавија белгискиот голгетер, се чини единствен кој сѐ уште пати од неговото заминување е неговиот поранешен партнер од нападот.

Лаутаро Мартинес нема постигнато гол на последните 6 натпревари во Серија А. Сезонава не постигна гол нуту на седумте натпревари од Лигата на шампионите, како и на двата во Копа Италија.

Единствено му успеа да ја затресе мрежата во натпреварот од италијанскиот Суперкуп против Јувентус на 12 јануари, што е негов единствен гол во 2022 година.

По промените летоска, Симоне Инѕаги го направи Лаутаро партнер со Един Џеко во нападот. И покрај месеци играње заедно и воигрување на тренинзите, очигледно двајцата имаат проблем во функционирањето како напаѓачко дуо.

И додека на Босанецот тоа очигледно не му претставува проблем, непостоењето на хемија помеѓу двајцата се одразува врз 24-годишниот Аргентинец. Аналитичарите велат дека тоа е поради тоа што Џеко има различен стил на игра од Лукаку, а на Лаутаро многу повеќе му лежи стилот на Белгиецот.

Од она што го видовме сезонава, Алексис Санчес многу подобро соработуваше со Џеко, па оттаму La Gazzetta dello Sport пишува дека Лаутаро може да го загуби местото во почетните 11 за Санчес да влета.

Лаутаро сепак не е заспан сезонава бидејќи досега погоди 11 пати во Серија А, но последниот пат во 18. коло на 17 декември 2021. Од тие 11 голови само 1 бил по асистенција на Џеко, и тоа не директна, туку Џеко изнудил пенал кој Лаутаро го реализирал. Тоа доволно говори за нивната соработка.

Додека нападот на „Нераѕурите“ беше предводен од дуото Лукаку-Лаутаро, медиумите го нарекуваа Лу-Ла поради нивната одлична соработка.

Лаутаро не е единствен што пати од заминувањето на Лукаку, бидејќи Белгиецот уште полошо се снаоѓа во Челси каде сезонава постигна само 5 гола во Премиер лигата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе