Ја чинеше живот

Најголемата грешка која ја направи Nokia пред точно 10 години

Пред точно 10 години, најавена беше првата јавна бета верзија на Android оперативниот систем (за програмери). Во тоа време, Nokia беше апсолутен владетел на пазарот за смартфони и воопшто на пазарот за телефони, со пазарен удел од околу 35% (што во денешно време го нема ниту еден производител), а силни беа и BlackBerry и Motorola.

Android OS, како што во тоа време беше името на новиот оперативен систем за смартфони, беше сосема поинаков од Symbian, Windows Mobile, ригидниот, но безбеден BlackBerry… Сите тие беа толку самоуверени и арогантни што не ни погледнаа што има Android OS да понуди, па не го видоа неговиот потенцијал. Тоа, ги чинеше сè што некогаш имаа.

Од друга страна, Apple во тоа време го најави првиот iPhone, a Apple како Apple - имаше кец во ракавот - производ кој е во состојба да ја промени индустријата на смарфони. Тоа го знаеше Стив Џобс, како и купувачите.

Пред 10 години, Nokia ја направи својата најголема грешка - го потцени Android OS и му кажа „не”.

Да потсетиме на официјалните изјави на Nokia, но и на други релевантни компании во тоа време.

„Не го гледаме ова како закана” - Nokia.

„Навистина звучи како да собираат куп луѓе заеднички да работат на нов телефон, а тоа е нешто што ние го правиме веќе пет години. Не разбирам какво влијание можат да извршат на сите нас” - Скот Хорн, Windows Mobile.

„Го сфаќаме ова сериозно, но ние сме тие кои ги имаат вистинските телефони, вистинските платформи за телефони и голем број на корисници за кои ги создававме” - Symbian конзорциумот.

„Со Google сме во одлични односи и ова не менува ништо. Тие секако се многу важен партнер за нашиот iPhone” - Apple.

Деценија подоцна, Nokia умре. Microsoft повеќе не го форсира својот оперативен систем, BlackBerry e на „стероиди”, а Motorola умираше, па се враќаше… Исклучок е единствено Apple, кој е и понатаму тука, најмоќен до сега.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе