Најновиот филм на Стивен Спилберг без проблеми го освои бокс-офисот

Римејкот на мјузиклот „West Side Story“ лесно се најде на врвот на бокс-офисот, но со слаба заработка. Во првиот викенд од прикажувањето филмот во режија на Стивен Спилберг заработи 10 милиони долари, многу помалку од очекуваното.

Продукцијата на мјузиклот Спилберг го чини 100 милиони долари, но за него е потрошено многу повеќе за промовирање. Иако доби позитивни критики и многумина му предвидуваат номинации за Оскар, филмот доби забрана за прикажување во неколку земји на Блиски Исток како Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Оман и Кувајт.

Музичката адаптација на Спилберг наиде на цензура и критики поради наводно вклучување на трансродов лик. Регионалните извори тврдат дека до одлуката дошло поради лик напишан како трансродов во новата адаптација.

Разочарувачките бројки за „West Side Story“ не се први меѓу овој жанр во време на пандемија. „In the Heights“ заработи 11.5 милиони долари, додека „Dear Evan Hansen“ 7.4 милиони, многу под очекувањата за двата филма.

Трет викенд по ред „Encanto“ на Disney бележи солидна заработка, овој пат со 9.5 милиони долари. На трето место е „Ghostbusters: Afterlife“ со 7.1 милион долари, а по него следуваат „House of Gucci“ со 4 милиони долари и „Eternals“ со заработка од 3,1 милион долари.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе