„Најтажната принцеза во Европа“ веќе не е во Монако

Шарлин, сопругата на принцот Алберт од Монако, се нема појавено во јавност уште од минатата година, а сега светските медиуми носат нови информации - таа веќе не е ни во Монако.

Годинава Шарлин пропушти неколку важни настани каде инаку секогаш се појавуваше со години наназад, што го привлече вниманието на медиумите. Кога не се случи ни прославата за 10-годишнината од бракот и јавното појавување со принцот Алберт, на почетокот на јули, беше јасно дека нешто не е во ред.

Според последните информации, Шарлин се вратила во родната Јужноафриканска Република, а кога медиумите ја објавија информацијата, следеше официјално соопштение од палатата - „Принцезата страда од инфекција на уво, грло и нос и треба да помине бројни процедури, па таа ќе остане во Јужноафриканската Република на неодредено време“.

Таа замина во својата татковина по смртта на две драги и блиски личности, но остана таму и реши да му помогне на локалното население во борбата против ловокрадството.

На својот официјален профил на Instagram, принцезата Шарлин објави драматична фотографија, на која позира со локална единица која се бори против ловокрадството, но и со еден од најзагрозените животински видови, носорозите, со цел да се подигне свеста за оваа страшна борба што може, на крајот, да го загрози животинскиот свет.

„Најтажната принцеза во Европа“, како што ја нарекуваат медиумите, избегна многу должности во Монако последните месеци, што предизвика загриженост за нејзиниот брак и титула, но сега се појасни зборовите на принцот Алберт Втори, кој се појавува во јавноста само во друштво на нивните близнаци Габриел и Жак, дека сè е во ред со неговата сопруга и дека нема причина за загриженост.

Принцезата беше фотографирана на крајот на 2020 година кога избричи дел од косата, а медиумите пишуваа дека тоа е нејзиниот бунт поради гласините дека нејзиниот сопруг имал афери и крие вонбрачни деца.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Стил

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Read more

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе