ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Наполи го обезбеди потписот на Грузискиот Елмас

По долги преговори тимот од Неапол конечно јавно се пофали дека за наредната сезона ќе биде посилен за грузиксиот бисер Хвича Кварацхелиа.

Претседателот Аурелио Де Лаурентис денеска говорејќи за радиото Kiss Kiss меѓу другото откри и дека сѐ е договорено со најталентираниот фудбалер на Грузија и тој е веќе во сопственост на италијанскиот клуб. Потпишал 5-годишен договор според кој ќе заработува околу 1,5 милиони евра посезона.

„Се надевам дека сум направил одлична зделка, тој е веќе играч на Наполи“, кратко соопшти Де Лаурентис.

Кварацхелиа е офанзивец кој игра како крило. Во февруари наполни 21 година, а доаѓа од редовите на Динамо, клубот од главниот грузиски град каде и ја почна кариерата. Од летото 2019 настапуваше за руски Рубин, но по одлуката на ФИФА дека поради руската воена интервенција во Украина сите странски фудбалери можат да го напуштат руското првенство, Хвича одлучи да ги спакува куферите и на кратко да се врати во татковината.

Се работи за одличен техничар кој е и брз и продорен играч. Вистински бисер од кој Грузијците очекуваат многу, па не бадијала го нарековме Грузискиот Елмас, бидејќи се и слични според стилот на игра.

Репрезентативец на Грузија е од јуни 2019 година кога имаше само 18 години. Деби голот во националниот дрес го постигна, ако се сеќавате, против Македонија на оној натпревар од октомври 2020 година кој заврши 1:1, а се играше во Скопје во рамките на Лигата на нации. Македонската јавност го знае и по тоа што го пропушти баражот за пласмaн на ЕУРО 2020 откако фати ковид ден пред одлучувачкиот натпревар, што беше голем удар за грузиската репрезентација која тогаш остана без својот најголем адут.

Remote video URL

Во Наполи се очекува да биде замена за Лоренцо Инсиње кој најави дека кариерата ќе ја продолжи во канадски Торонто, кој настапува во МЛС лигата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе