Нереално убав, но опасен: Синиот канал во Јута е хит на Instagram

Фотографиите на веслачите и пливачите се секако пријатни за око, но можеби нема да ви наштети да прочитате нешто за синиот канал пред да почнете да се восхитувате.

Синиот канал со нереален изглед е вистинската ѕвезда на Instagram. Луѓето го посетуваат, пливаат и веслаат во него - мора да се фотографираат, но она што изгледа не го знаат е - дека синиот канал во Јута е опасен!

Зошто?

Фотографија од веслач во неверојатно синиот канал во Јута е секако пријатна за око. Но, можеби не е лошо да научите нешто повеќе за овој канал пред да почнете да му се восхитувате, благодарение на многуте други фотографии и видеа споделени на социјалните мрежи.

Јута е веројатно една од најубавите сојузни држави во Америка. Има дури пет национални паркови, многу планини и уникатна „солена пустина“.

Светлосиниот канал се наоѓа во солениот Бонвил, уникатно место кое вреди да се посети само по себе поради белата сол што веројатно никогаш не сте ја виделе досега. Особено кога се гледа во комбинација со планините во позадина.

Проблемот е што каналите во оваа област воопшто не се природни: тие се дизајнирани за индустриски цели, бидејќи локална компанија ги користи каналите (и блиските езерца) за извлекување минерали од соланите.

Федералната агенција за управување со земјиштето (БЛМ) ги предупредува потенцијалните авантуристи дека водите можеби се „небезбедни за пловење со брод и пливање“. Менаџер на БЛМ вели дека каналите „не се погодни за рекреација поради индустрискиот дизајн на каналот и други непознати опасности“.

Водата не е токсична, но едноставно не е погодна за капење, а може да се случи и делови од земјата во близина на каналот да бидат нестабилни.

И тоа не е сѐ. Иако сините канали се делумно на јавно земјиште, тие исто така преминуваат во приватна сопственост, а се поставени и многу знаци „забрането поминување“.

До каналот нема патишта, па тие што одат до него мора да паркираат на местото на голем меѓудржавен автопат, што исто така е казниво и опасно.

Што мислите за игнорирање на правилата, вреди ли за фотографирање на одредено место како ова?

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе