Нутриционистката Лора Браун за порталот Express откри кои намирници треба да ги избегнуваме бидејќи му штетат на здравјето на нашиот црн дроб.

Најпрво таа предупреди на преработена и пржена храна.
„Луѓето треба да се држат настрана од повеќето преработени и пржени работи како похувана храна, слатка храна, колачи, газирани сокови и овошни сокови. Тоа е затоа што тие ја зголемуваат количината на маснотии во црниот дроб“, објасни таа.
Како што додава, храната со високо ниво на сол го зголемува ризикот од неалкохолно замастување на црниот дроб.
„Преработената храна го зголемува шеќерот во крвта, што на крајот ја зголемува акумулацијата на маснотии во црниот дроб. За да се намали овој ризик, исто така, треба да се избегнуваат масни преработки од месо со високо ниво на заситени масти.“
Лекарите објаснуваат дека замастениот црн дроб е тесно поврзан со прекумерната тежина, а таложењето маснотии во црниот дроб е поврзано и со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и проблеми со циркулацијата.
Луѓето со замастен црн дроб исто така имаат значително поголем ризик од развој на рак на црниот дроб. Затоа, балансирана и здрава исхрана базирана на свежа храна е најважна за здрав црн дроб.