Од зелениот терен до Азовстал: Италијански голман како платеник заглави во Мариупол

Поранешниот италијански голман Иван Лува Вавасори стана платен борец во Украина, а сега се наоѓа во болницата во Мариупол.

Вавасори е роден во Русија во 1992 година, а бил посвоен од семејството Вавасори во Италија. Стана голман и бранеше за разни клубови од Серија Чи и Ди како Алчоне, Про Патрија, Бра, Лењано и Витуоне каде последно настапуваше во 2017 кога кариерата ја продолжи во Боливија.

Вавасори ѝ се приклучи на украинската армија во февруари и постираше неколку фотографии од војната на својот профил на Facebook. Неговиот татко Пјетро е поранешен сопственик на компанијата за логистика Italsempione и воедно поранешен претседател на Про Патрија, клуб во Италија познат како собиралиште на екстремната десница. Пред неколку дена Иван Лука објави на социјалните мрежи дека се наоѓа во „самоубиствена мисија“ во Украина.

„Имаме многу малку единици против цела армија, но претпочитаме да се обидеме. Она што е важно е да се умре достоинствено; само тогаш почнува животот“, напиша Вавасори.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ibah Vavax (@ivan.luca.92)

Во Италија се стравуваше дека тој една од петте жртви на рускиот напад врз Мариупол минатата недела. Но, утринава неговото семејство потврди дека Лука е жив. „Лука е жив и се наоѓа во болница“, соопшти неговиот татко. Русите го освоија градот, но фабриката Азовстал останува бастион на украинскиот отпор.

Весникот Il Messaggero објави дека миланскиот јавен обвинител отворил истрага за неговата мисија во Украина како платеник.

Вавасори немаше голема фудбалска кариера, а некои можеби се сеќаваат на него бидејќи беше дел од пријателскиот натпревар против Милан во 2013 година кога Кевин Принс Боатенг го напушти теренот откако навивачите на Про Патрија расистички го навредуваа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе