Одегард: Во Реал дојдов неистуширан, по стара маица, како ученик дојден да го обиколи стадионот

Норвежанецот Мартин Одегард имаше само 16 години кога пристигна во Реал Мадрид, а толку млад, иако важеше за еден од најголемите таленти во светот, не успеа да се најде во соблекувалната на кралскиот клуб. Денес е капитен на Арсенал и со задоволство се сеќава на времето поминато во шпанската престолнина.

Во своето искуство, кое го сподели во колумна за The Players Tribune, се присети на денот кога клупскиот авион пристигнал да го земе во Норвешка и отишол да го потпише договорот со Реал.

„Мислев дека ќе се пресоблечам во хотелот и одеднаш се најдов седнат до легендата Емилио Бутрагењо. Тој беше во елегантно одело, а јас во стара маица, неистуширан, со рацете се обидов да си направам фризура... Тоа беше најголемиот ден во мојот живот, а фотографиите го обиколија светот. Требаше да бидам играчот што Реал го купи откако ги победи сите други клубови, а изгледав како ученик кој дошол да го обиколи стадионот“, се сеќава Норвежанецот.

Сепак, вели дека тоа за него било големо искуство и нешто што му го обележало животот.

„Беше надреално, а јас бев премногу млад за да возам и да одам сам на тренинг. Татко ми ме возеше секој ден, а јас играв со Иско, Роналдо, Рамос, Модриќ, Бејл, Бензема. Ме возеше како да одам училиште, и сите беа прекрасни, особено играчите што зборуваа англиски. Тие посебно се грижеа за мене“, вели капитенот на Арсенал и додава:

„Медиумите ме прогонуваа затоа што не ги оправдав очекувањата веднаш, им бев лесна мета и беше лесно да се напише дека патам со новиот начин на живот. Да бев Шпанец, можеби ќе ми беа дадени уште малку шанси за да успеам, но искрено, чудно е како во модерниот фудбал нема средина, работите веднаш се поставуваат така што си најдоброто засилување на сите времиња или си лош играч“.

Реал првично го позајми овој играч на Арсенал во 2021 година, а „Топчиите“ го откупија една година подоцна и набрзо го назначија за нов капитен.

Мартин Одегард денес има 24 години и е стандарден норвешки репрезентативец со веќе 47 настапи. Неговиот татко Ханс Ерик Одегард исто така бил фудбалер и играл во средниот ред, но освен играњето за попознатите норвешки клубови Стремсгодсет и Сандефјорд, не направил некоја кариера. Неговото презиме на норвешки всушност се изговара Едегор (Ødegaard).

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Фудбал

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more
 

Спорт

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе