Омикрон има 5 симптоми кои се разликуваат од делта

Симптомите на омикрон варијантата се разликуваат од претходните соеви, сметаат доктори и епидемиолози од Јужна Африка. Иако некои луѓе пријавуваат благи реакции на вирусот, многумина забележаа дека тие не се исти како оние кај алфа, бета и делта соевите, пишува Mirror.

Пријавени се 54.661 нов случај на COVID-19 низ Велија Британија во последните 24 часа, а 38 луѓе починале откако биле заразени со вирусот SARS-CoV-2. Загриженоста околу варијантата омикрон доведе до шпекулации за нови ограничувања за да се запре новата варијанта да надвладее.

Се наведува дека секој ги има овие три традиционални симптоми како висока температура, континуирана кашлица и губење или промена во осетот за мирис и вкус.

Но, првичните извештаи покажуваат дека омикрон има пет различни симптоми како што се:

- гребење на грлото (за разлика од воспалено грло)

- сува кашлица

- екстремен умор

- болки во мускулите

- ноќно потење

Ноќното потење се издвојува како поинаков симптом. Според д-р Анџелик Катзи, претседателка на Јужноафриканското медицинско здружение и една од првите која се посомнева на омикрон варијантата, вели дека забележала како пациентите во нејзината приватна клиника покажуваат симптоми кои се разликуваат од делта варијаната.

Таа ги предупредила здравствените власти на клиничката слика која не одговарала на делта на 18 ноември кога седум пациенти покажале различни симптоми. Тие имале симптоми на екстремен умор, благи болки во мускулите, гребење во грлото и сува кашлица. За разлика од претходните, немале губење на осетот за мирис и вкус.

Ноќното потење – тоа е кога толку многу се потите што постелнината и облеката во која спиете се влажни, исто така за првпат е забележано кај заразените со омикрон варијантата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе