Омикрон се шири 70 проценти побрзо од првите два соја, но остава помала штета

Ново истражување објавено во Хонг Конг откри дека новата варијанта омикрон се шири 70% побрзо од делта и оригиналниот сој, но остава помала штета на белите дробови, за разлика од претходните соеви.

Научниците кои учествувале во ова истражување и претходно проучуваа други вирусни инфекции. Техниката што ја користеа во претходните истражувања ја применија и во најновото за да откријат колку брзо омикрон се пренесува и како влијае на човечкиот организам, па резултатите ги споредија со другите варијанти на коронавирусот.

За 24 часа од земањето на примерокот на вирусот, варијантата омикрон се реплицирала 70 пати повеќе отколку делта и оригиналниот сој на SARS-CoV-2. Но, во човечкото белодробно ткиво се размножила помалку ефикасно што укажува дека инфекцијата предизвикува само полесен облик на болеста.

„Важно е да се каже дека сериозноста на болеста кај луѓето не е одредена само со репликација на вирусот, туку и од имунолошкиот одговор на организмот на инфекција, што може да доведе до дисрегулација на имуниот систем. Затоа, земајќи ги предвид неодамнешните истражувања кои покажуваат дека омикрон делумно го заобиколува имунитетот стекнат со вакцина или антитела од прележан ковид, вкупната закана од овој сој веројатно ќе биде значајна“, се наведува во истражувањето.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе