УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Панчев и Савичевиќ го фаворизираат Интер: Милан има мали шанси без Леао

Поранешните играчи на Интер и Милан, Дарко Панчев и Дејан Савичевиќ, ги споделија своите очекувања пред вечерашното големо Дерби дела Мадонина во рамките на полуфиналето од Лигата на шампионите.

Двајцата своите очекувања ги кажаа за Arena Sport, кој ќе го пренесува натпреварот на територијата на земјите од поранешна Југославија. Кај нас, сигналот ќе оди на МРТ со македонски коментатор, која икма соработка со Arena.

„Милан е домаќин, но тие просто играат на истиот стадион, кој двете екипи одлично го познаваат, па домашниот терен не игра голема предност. Голема работа е што два италијански клуба стигнаа до полуфиналето. На ова на почетокот од сезоната вериојатно никој не се надеваше. Интер е во добра форма, има одлични поединци, додека Милан моментално е во мал пад и на сето тоа му се повреди Леао. Доколку тој не игра, блага предност му давам на Интер“, анализира Панчев, па додава:

„Чудна работа е со дербињата, еден момент може да го одлучи натпреварот, дури не мора ниту формата на играчите да игра пресудна улога. Верувам дека Интер и Милан ќе се борат до крајот на другиот натпревар. Како што кажав, верувам дека Интер ќе помине, но тоа нема да биде на убедлив начин“.

Панчев смета кој и да помине од миланските ривали, нема да има шанса во финалето каде одамна го гледа Манчестер Сити. Верува дека „Граѓаните“ сезонава се апсолутни фаворити.

„Уште пред два месеца зборував дека Манчестер Сити сезонава ќе ја освои Лигата на шампионите. И натаму така ми изгледа, бидејќи парите во фудбалот играат важна улога. Тешко било кој од италијанските великани да му се спротивстави“, заврши македонската легенда.

Неговиот поранешен соиграч од златната генерација на Црвена звезда и репрезентацијата на Југославија, Дејан Савичевиќ, како поранешен играч на Милан ќе навива за „Росонерите“. Тој повеќе се правдаше зошто нема да присуствува на „Меаца“ и на лице место да го поддржи својот поранешен клуб.

„Не можев да отидам таму бидејќи имам обврски. Луѓето не сфаќаат колку време треба за еден натпревар. За на време да стигнам на стадион треба од хотелот од центарот да излезам во 7 и пол. Па додека масата луѓе се разотиде по натпреварот, нема да се вратам в хотел пред полноќ. А и дека не сум често во Милано сите ќе ме викаат на кафе, на ручек, а јас немам време. Ќе си гледам од дома и со целото срце ќе бидам со мојот Милан, но ми се чини дека Интер моментално е подобар, особено што на Милан изгледа дека ќе му недостасува Леао“, вели Дејан.

И тој некако смета дека на крајот трофејот ќе го освои Сити, што би била прва ваква титула за овој клуб.

„Би рекол дека освојувач ќе биде некој од дуелот Реал - Сити, а некако ми се чини дека 'Граѓаните' се поблиску. Ова е нивна година“, заврши Савичевиќ.

Панчев за Интер играше од 1992 до 1995 година, но не се наигра играјќи севкупно на 30 натпревари во сите конкуренции, на кои постигна 10 гола.

Во исто време кога Панчев замина во Интер, Савичевиќ замина во Милан, но тој многу подобро се снајде. Остана до 1997 година играјќи на 144 натпревари и постигнувајќи 34 голови.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе