УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Пеп: Голот на Холанд е комбинација од Кројф и Ибра

Филип Здравески
/ 15.09.2022 / 10:38

Синоќа Норвежанецот постигна ефектен гол со потег налик на кунг-фу кој дефинитивно ќе конкурира за еден од најубавите голови сезонава.

По натпреварот, на официјалната прес-конференција, тренерот на Манчестер Сити зборуваше и за голот на Ерлинг Холанд кого го опиша како комбинација од двајца легендарни фудбалери.

„Можеби луѓето кои ме познаваат знаат какво влијание имаше Јохан Кројф на мојот живот како личност, ментор кој пред години постигна неверојатен гол за Барселона на 'Камп Ноу' против Атлетико. Истиот момент кога Ерлинг го постигна голот си помислив дека е доста, доста сличен. Се сетив и на мојот драг пријател Ибрахимовиќ, кој има ваква способност да стави нога на кров, а Ерлинг е доста сличен во тоа“, рече Пеп.

URL

„Мислам дека тоа му е природно, тој е еластичен, флексибилен, а згора на тоа поседува и способност да направи контакт и да ја смести топката в гол. Мислам дека таа флексибилност му е од мајка му и татко му“, додаде каталонскиот стратег.

URL

Татко му на Ерлинг е поранешниот норвешки фудбалер Алфи Холанд, кој играше како дефанзивец за Нотингем Форест, Лидс Јунајтед и Манчестер Сити во Англија. Но, и неговата мајка Гри Марита Браут е поранешна спортистка и тоа атлетичарка која се натпреварувала во седмобој (100 м со пречки, скок во висина, фрлање ѓуле, 200 м, скок во далечина, фрлање копје и 800 м).

Манчестер Сити синоќа ја совлада Борусија, всушност довчерашниот клуб на Холанд, со 2:1, иако гостите први поведоа преку Џад Белингам во 56. минута. Џон Стоунс во 80-тата израмни, а Холанд му пресуди на својот поранешен клуб 4 минути подоцна.

Remote video URL
реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Издаден налог за апсење за Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Read more

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Read more

Фудбал

Конечен расплет во групата Е: Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата

Read more

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Read more

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Read more

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Read more
 

Спорт

Конечен расплет во групата Е: Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата

Читај повеќе

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Читај повеќе

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Читај повеќе

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе

Кој е човекот кој денеска го мрази цела Хрватска: Ова не му е прв скандал

Читај повеќе

Голем кикс на Бразил на стартот на Копа Америка

Читај повеќе

Скока бројот на срцеви удари за време на натпревари

Читај повеќе

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Читај повеќе

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Читај повеќе