Пет малку познати симптоми на недостаток на витамин Б12

Една од најважните хранливи материи е витаминот Б12, кој на луѓето им е потребен за нормално функционирање.

Витаминот Б12 учествува во многу процеси во телото, вклучувајќи ја и синтезата на ДНК, формирањето на црвените крвни зрнца и изолационата обвивка која им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем.

Ќе наведеме некои од симптомите на недостаток на витамин Б12, доколку сте ги почувствувале речиси сите симптоми, обратете се кај вашиот лекар.

Недостатокот на Б12 може да предизвика анемија и симптоми како што се замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност. Сепак, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми.

Според една статија објавена во British Medical Journal (BMJ) оваа година, има пет проблеми забележани кај 85% од пациентите со недостаток на Б12: проблеми со меморијата, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрени).

„Анемијата е присутна кај помалку од 20% од луѓето со недостаток на витамин Б12. Невролошките проблеми, кои се многу почести, може да потраат со месеци, па дури и години за целосно да се решат“, се наведува во написот.

За луѓе кои немаат тежок дефицит на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот Б12 може да се дава орално во доза од 1.000 до 2.000 μg еднаш дневно. Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. Количината на витамин Б12 во храната зависи од видот на храната и земјата на производство.

Во повеќето случаи, ситуацијата ќе се подобри кога ќе ја збогатите исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца, прехрамбен квасец и храна збогатена со витамин Б12. Меѓутоа, ако недостатокот е потежок, можеби ќе треба да земате дневни додатоци или дури и да примате инјекции.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more
 

Магазин

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе