Пет работи кои секоја ќерка сака да ги слушне од нејзиниот татко

Татковците играат важна улога во воспитувањето на ќерките, ги учат на независност, сила и отпор. Но, понекогаш можеби не умеат или не знаат тоа да го пренесат на вистинскиот начин.

Затоа е важно да знаете што и како да зборувате со ќерката и како да го зацврстите вашиот заемен однос, градејќи подобра врска.

Овие пет работи секоја ќерка сака да ги слушне од нејзиниот татко:

Секогаш си прекрасна

Важно е да делите комплименти кога ќерка ви ќе се дотера, но треба да и дадете до знаење дека е убава и кога е дома по пижами или по целодневно учење. Да им кажувате на девојчињата дека се убави, без разлика на облеката или на шминката, е една од најважните работи кои ќе им помогнат на девојките да изградат самодоверба и ќе гледаат подалеку од стереотипните стандарди за убавина поставени од општеството.

Лутината е нормална, слободно изрази ја

Лутината многумина ја сметаат за негативна емоција, особено кога се во прашање жените. Многумина сметат дека жената треба да биде „дама“ и да се воздржи од изразување лутина бидејќи тоа не е женствено. Меѓутоа, многу е важно да се нормализира изразувањето интензивни емоции, вклучувајќи и лутина.

Помогни ми

Можеби е смешно да барате помош од детето, но така ќе му помогнете да биде посилно. Важно е, откако ќе го замолите детето за совет истиот да го следите за да му дадете до знаење дека неговите зборови имаат вредност.

Ги поддржувам и ги почитувам жените

Вербата во ќерката не е доволна. Важно да покажете дека верувате во жените и ги поддржувате. Вашето мислење за рамноправност на половите, еднаквите права и женската сила ќе влијаат на ќерката со што ќе всадите исти верувања.

Изгледот не е тоа што те дефинира

Иако многумина од нас зборуваат дека изгледот не е важен, во реалноста не е така. Меѓу тинејџерите и младите луѓе изгледот има важна улога во одредувањето на начинот како некој ќе биде третиран. Ако на девојчето му потенцирате дека тоа е повеќе од физичкиот изглед, ќе ја поттикнете да развие позитивна слика за себе, така што нема да дозволи никој да ја руши нејзината самодоверба.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Живот

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Read more

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more
 

Магазин

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе