Поради смртта на кралицата Премиер лигата ги одложи натпреварите од викендов

Премиер лигата објави дека сите натпревари закажани за викемдов се одложени откако синбоќа почина кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета II.

Како нација, Обединетото Кралство продолжува да тагува за смртта на кралицата, на 96-годишна возраст. По веста дека денешните спортски настани се откажани, Премиер лигата објави дека натпреварите планирани да се играат овој викенд нема да се одржат според планираното. Фудбалската лига (Чемпионшип, Лиг 1 и Лиг 2) и женската Суперлига, исто така, изјавија дека претстојното коло од соодветните натпревари се одложени.

„На состанокот утринава, клубовите од Премиер лигата ѝ оддадоа почит на нејзиното височество кралицата Елизабета II. За да му оддадат почит на нејзиниот извонреден живот и придонес за нацијата, и како знак на почит, колото од Премиер лигата овој викенд ќе биде одложено, вклучително и натпреварот во понеделник вечер. Дополнителни известувања во врска со натпреварите во Премиер лигата за време на периодот на жалост ќе бидат соопштени во догледно време“, објави Премиер лигата.

Со оглед на тоа што погребот на кралицата ќе биде извршен на засега неодреден датум во наредните 10 дена, многу веројатно е дека топката на Островот нема да се тркала и наредниот викенд.

Календарот и онака веќе е доста натпрупан со Светското првенство во Катар ставено на сред сезона, па челниците на лигите ќе мора некако да најдат место за најмалку едно одложено коло. Веројатно сите одложени натпревари ќче бидат сместени мнекаде по Нова година.

Нареднава недела англиските клубови имаат натпревари и во европските натпреварувања, а челниците ќе инсистираат и на нивно одложување. Но, за тоа одлучува УЕФА. Ливерпул, Челси и Манчестер Сити треба да играат на домашен терен во Лигата на шампионите, како и Арсенал во Лига Европа.

Шкотска и Северна Ирска исто така ги одложија натпреварите од нивните лиги, додека засега нема информација од Велс за одложување таму.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе