Поранешната сопруга на Путин го сметала за лошо облечен вампир

Рускиот претседател Владимир Путин е познат по својот немилосрден политички карактер, но иако личните односи ги чува во строга тајност, некои детали откриваат дека исто таков е и во приватниот живот.

Во биографијата на Путин „First Person“, поранешната сопруга на Путин и поранешна прва дама на Русија, Људмила Шкребнева, ги опиша деталите за нивната врска.

Во книгата, која содржи серија интервјуа со претседателот и луѓе блиски до него, Људмила открива дека немала којзнае какво мислење за „лошо облечениот“ маж со кој се забавувала во тоа време.

Меѓутоа, Путин направил редок потег и ѝ го дал својот телефонски број, па тој и Људмила продолжиле да бидат во контакт.

Три и пол години подоцна Путин отишол чекор подалеку, но начинот на кој ја запросил, тврди Људмила, бил толку чуден што мислела дека тој всушност ќе ја остави.

Како што вели, таа вечер седеле во домот, кога започнал: „До сега сигурно разбра каква личност сум. Не сум многу едноставен“, ѝ рекол Путин.

Људмила тврди дека во тоа време бил премногу самокритичен, објаснувајќи дека е тивок тип, многу навлегувал во одредени работи и дека умее да ги навреди луѓето.

URL

„Рече дека е ризичен животен партнер и додаде: 'За три и пол години веројатно имаш донесено одлука'“, се сеќава таа.

Сето тоа ѝ звучело како да се работи за раскинување, па таа продолжи: „'Да, решив'. Бев сигурна дека тоа е тоа, дека раскинуваме, но потоа рече: 'Па, ако е така, јас те сакам и предложувам да се венчаме“, рекла Људмила и додала дека целиот момент за неа бил големо изненадување.

Со жената со која се оженил во 1983 година, а се развел во 2014 година, тврдејќи дека тоа е заедничка одлука, Путин има две ќерки - Марија и Катерина.

Иако го чуваа во тајност својот приватен живот, одлуката за развод беше јавно објавена во монтирано телевизиско соопштение.

Во една прилика Људмила, која изгради нов живот по разводот, во разговор со нејзината пријателка Ирене Пич призна дека Путин бил како вампир кој ѝ го цицал животот, а пак тој тврдел дека „секој што ќе успее да помине три недели со неговата сопруга заслужува да му се подигне споменик“.

Љубовниот живот на рускиот претседател секојдневно ги полни насловните страници на светските медиуми, а покрај жените со кои се поврзува, има и деца од неговите тајни врски со хигиеничарката Свјетлана Кривоногих и поранешната гимнастичарка Алина Кабаева.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Живот

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more
 

Магазин

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Читај повеќе

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Читај повеќе

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе