Португалската полиција им се извини на родителите на исчезнатата Меделин Мекен

Португалската полиција им се извини на родителите на Меделин Мекен за начинот на кој постапиле во случајот со исчезнувањето на тригодишното девојче.

Медлин исчезна од португалското одморалиште Праиа да Луз во 2007 година, додека беше на одмор со родителите.

Делегација на полициски службеници отпатува од Лисабон во Лондон на почетокот на оваа година, објави BBC.

Тие се сретнале со Гери Мекен, таткото на Меделин, и се извиниле за начинот на кој детективите го истражувале случајот и се однесувале со семејството.

Семејството Мекен не го коментираше ова извинување, а исчезнувањето на нивната ќерка останува нерешено.

Во септември 2007 година, четири месеци по исчезнувањето на Меделин, Кејт и Гери Мекен беа именувани како осомничени во истрагата за Португалија. И двајцата биле испрашувани од детективи, кои верувале дека тие го организирале киднапирањето и го сокриле телото на Меделин.

Кејт Мекен рече дека дури ѝ била понудена спогодба - да признае дека ја прикрила смртта на нејзината ќерка во замена за намалена казна.

Статусот на осомничени за родителите беше укинат во 2008 година, но тие со години останаа под сомнеж во Португалија.

Гонкало Амарал, постариот детектив кој го водел случајот, подоцна бил отстранет од истрагата, но напиша книга во која ги обвини сопружниците Мекен дека биле вмешани во исчезнувањето на нивната ќерка. Тој изјави дека на овој начин го брани својот професионален углед.

Врховниот суд на Португалија ја отфрли тужбата на Мекен за клевета против поранешниот детектив поради тврдењата што ги изнел за нив во својата книга. Двојката поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права, но го изгуби случајот во септември 2022 година.

Двојката исто така беше жртва на злобна онлајн кампања која ги обвинуваше дека ја предизвикале смртта на Меделин, а потоа ја прикривале.

Португалската полиција го поддржува ставот на германските власти

Португалската полиција сега тврди дека нивната првична истрага за исчезнувањето на Меделин не била правилно изведена, дека во тоа време на исчезнатите деца не им било дадено доволно значење и дека полицијата не зела предвид како им било на родителите на девојчето, кои биле странци и во средина која не ја разбираат.

Полицијата го поддржува ставот на германските власти кои сметаат дека 46-годишниот германски државјанин Кристијан Брукнер ја убил Меделин Мекан.

Ханс Кристијан Волтерс, еден од германските обвинители во случајот, го поздрави извинувањето од португалската полиција.

„Тоа е добар знак“, рече тој и додаде: „Покажува дека има напредок во Португалија во случајот Мекен“.

Волтерс рече дека неговиот тим се надева дека ќе ја заврши петгодишната истрага за Брукнер следната година. До денес, против него не е покренато обвинение во врска со исчезнувањето на Меделин Мекен, а тој јавно негираше дека бил вмешан во нејзиното исчезнување.

Брукнер живеел во близина на одморалиштето Праиа да Луз кога семејството Мекен било таму на одмор.

Remote video URL

Португалското обвинителство официјално го сомничи во 2022 година и тој во моментов отслужува седумгодишна затворска казна во Германија за трговија со дрога и силување на 72-годишна жена во 2005 година во истата провинција каде исчезна Меделин.

На почетокот на оваа година, германските власти спроведоа тридневна потрага по докази кои го поврзуваат исчезнувањето на девојчето со Брукнер.

„Мислиме дека тој бил вмешан во исчезнувањето на Меделин Мекен и мислиме дека ја убил Меделин Мекен“, рече Волтерс.

Брукнер веќе е обвинет по три други точки од обвинението за силување, сексуален напад и сексуален напад врз дете. Наводно, во португалски Алгарве извршил пет злосторства. Волтерс потврди дека ќе му се суди во февруари 2024 година.

Адвокатот на Брукнер рече дека неговиот клиент го користи своето право да молчи.

„Ја знаеме содржината на досието и мислам дека сите обвинувања се засноваат на многу, многу разнишани основи“, рече адвокатот.

Кејт и Гери Мекен не го коментираа извинувањето од португалската полиција. Тие на 3 мај ја одбележаа 16-годишнината од исчезнувањето на нивната ќерка, велејќи дека „ Меделин сè уште им недостасува многу“ и дека „очекуваат напредок“.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Свет

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, повеќе од 30 повредени

Read more

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Read more

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Read more

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Read more
 

Вести

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, повеќе од 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе