Најава за потенцијалниот наследник на „Game of Thrones“

Прв поглед на Хенри Кавил како Гералт во серијата „The Witcher“

Како што веќе знаете, Хенри Кавил се откажа од улогата на Супермен во филмскиот универзум на DC и реши да се фокусира на една поразличен проект, што барем според фотографиите, му стои многу, многу добро. Погледнете го него и останатите актери од серијата „The Witcher“ во продукција на Netflix.

„The Witcher“ е базирана на популарната видео игра со истото име, со мала разлика – во серијата Гералт (Хенри Кавил) ќе биде нешто помлад, бидејќи Netflix реши да го адаптира изворниот материјал, книгите на авторот Анджеј Сапковски.

Иако и понатаму чекаме Netflix да објави трејлер или тизер за серијата, тие решија да нѐ почестат со неколку фини, детални фотографии на кои можеме да ги видиме Хенри Кавил и останатите актери од „The Witcher“. Покрај Кавил, имаме прв поглед и на Ања Чолатра (Јенефер) и Фреја Алан (Сири).

Фотографиите доаѓаат заедно со постер, на која може да се види Гералт како е свртен со грб, а на него пишува „Најлошите чудовишта се оние кои самите ги создаваме“.

„Базиран на серијата бестселери, ‘The Witcher’ е епска приказна за вербата и семејството. Гералт од Ривија, самостоен ловец на чудовишта, се обидува да го најде своето место во светот каде луѓето ќе се покажат како поопасни противници од чудовиштата. Но, кога судбината ќе го однесе до моќна магионичарка и млада принцеза со опасна тајна, тројцата ќе мораат да го пронајдат патот низ непријателскиот Континент“, пишува во краткиот опис за серијата на Netflix.

Она што го знаеме досега е дека серијата ќе се појави на есен, но и понатаму нема конкретен датум од Netflix.

Серијалот на видео игри „Witcher“ е голем хит кај гејмерите низ целиот свет, а секое ново продолжение дополнително ги „навлекува“ луѓето да ја играат и да се интересираат за поголемата приказна околу овој наслов.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе