Растат цените на нафтата и суровините, доларот зајакна

На азиските берзи цените на акциите денеска благо паднаа бидејќи инвеститорите се претпазливи од падот на Волстрит, геополитичките тензии околу Украина и порастот на цените на нафтата и суровините, што ќе ги зголеми инфлаторните притисоци.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без Јапонија, беше во минус за 0,15 отсто околу 7 часот наутро, лизгајќи се од највисокото ниво во последните три недели.

На токиската берза индексот Nikkei падна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја се лизнаа за околу 0,3 отсто. Меѓутоа, во Австралија и Хонгконг тие се зголемија за околу 0,2 отсто. Азиските инвеститори ги потресе вчерашниот пад на цените на акциите на Волстрит за повеќе од 1 процент.

Ова се должи на стравот на инвеститорите дека поскапувањето на нафтата и гасот дополнително ќе ја зголеми инфлацијата, која веќе е на највисоко ниво во САД во последните 40 години, близу 8 проценти.

Путин рече дека „непријателските земји ќе го платат рускиот гас во рубли“

Вчера цената на барелот на лондонскиот пазар скокна за 5 отсто, на повеќе од 120 долари, откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва во иднина ќе бара од непријателските земји рускиот гас да го плаќаат во рубли, а не во долари и евра.

Инвеститорите се внимателни и затоа што западните лидери деновиве во Брисел ќе одлучуваат за нови санкции против Русија за да ја принудат да ја прекине војната во Украина.

„Овие геополитички проблеми извршија притисок врз пазарот. Новиот силен пораст на цената на нафтата ги принуди инвеститорите да бидат претпазливи. Прашањето за Русија ќе изврши притисок врз пазарот и тоа треба да се реши“, рече Стивен Масока, потпретседател на Wedbush хартии од вредност.

Акциите на Волстрит нагло пораснаа

Во последниве денови, цените на акциите на Волстрит драстично се зголемија бидејќи американската централна банка минатата недела многу јасно сигнализираше за идното зголемување на каматните стапки за да се спречи инфлацијата.

Откако минатата недела ги зголеми клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, станува се појасно, според коментарите на голем број претставници на централната банка, дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,50 процентни поени на следната седница во мај.

И поради тоа ќе се зголемат трошоците за задолжување на потрошувачите и на многу деловни сектори, па се очекува забавување на растот на економијата.

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На девизните пазари, пак, порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 98,78 поени, додека вчера во ова време беше 98,48 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 121,15 на 121,20 јени и е околу највисоките нивоа во последните шест години.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1.09090 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1.1030 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. На лондонскиот пазар цената на барелот зајакна за 0,49 отсто, на 122,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,16 отсто на 114,90 долари.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе