Речиси 70% од жените би се откажале од секс еден месец во замена за „идеално тело за на плажа“

А.С.
/ 09.06.2020 / 16:15

Покрај бројните кампањи за прифаќање и сакање на сопственото тело и борбата против стереотипите и наметнатите „идеали“ за убавина од модната индустрија, многу жени се опседнати со слабеење.

Обично со доаѓањето на летото расте и притисокот за „идеалната линија“, со оглед на тоа дека носиме потенка и поразголена облека, а евентуално ќе се појавиме и на плажа.

Се чини дека медиумите и модната индустрија не помагаат во оваа насока, па ги „бомбардираат“ жените со инстант диети и гардероба што го „крие вишокот килограми“.

Списанието Shape во соработка со компанијата FitSugar спроведе истражување на оваа тема и резултатите се загрижувачки.

Неверојатни 82 проценти од жените кои биле анкетирани рекле дека чувствуваат притисок да ослабат пред почетокот на летото, а 68% би се откажале од секс еден месец и повеќе ако за возврат би имале „совршено тело за на плажа“.

Околу 50% од жените се изјасниле дека си го мразат стомакот, а за 29% од жените извор на најголема несигурност во врска со нивното тело им е формата и големината на бутовите.

Повеќето од испитаничките рекле дека почнуваат да вежбаат во пролетните месеци за да имаат поголема самодоверба кога ќе отидат на плажа, а 47% од нив пријавиле дека најмногу правеле вежби за намалување на стомакот и струкот.

Жените кои чувствуваат притисок да ослабат велат дека најмногу за тоа ги обвинуваат социјалните мрежи како Facebook.

Она што навистина загрижува е податокот дека околу 90% од нив никогаш не би „лајкнале“ своја фотографија во бикини на која се тагнати од друг, а дури 44% од испитаничките рекле дека би ги замолиле пријателите да го тргнат тагот или да ја избришат таквата фотографија.

Половина од жените кои учествувале во анкетата рекле дека најудобно се чувствуваат во костим за капење само пред пријателките и партнерот, а на 18% од нив им било пријатно во машко друштво кога носат костим за капење или бикини. Помалку од 10% од испитаничките се чувствувале привлечно така облечени пред непознати луѓе.

Околу 60% редовно почнувале диета пред летната сезона, 53% внимавале на внесот на калории, 22% се откажувале од јаглехидрати, а 15% се одлучувале за алтернативни решенија.

За 79% од жените најголем проблем им претставува симнувањето на „последните пет килограми“ пред заминување на одмор.

Резултатите од анкетата, за жал, ја потврдуваат загриженоста дека денешната култура поставува нереални идеали за убавина, односно дека само жените кои се слаби, затегнати и со мазна кожа може добро да изгледаат во бикини, што предизвикува несигурност, анксиозност и нарушувања на самодовербата, како и здравствени проблеми.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе