Решена дилемата: Колку овошје смееме да јадеме дневно?

Овошјето е десерт од природата. Содржи фруктоза, која е природен шеќер, но и витамини, минерали, влакна, полифеноли и слично. Сепак, многумина сметаат дека шеќерот треба да се избегнува, но на тој начин не се внесуваат хранливите материи кои се важни за организмот, а со тоа има последици по организмот.

Истражувањата покажаа дека избегнувајќи овошје, можете да направите некои нездрави промени во вашето тело.

Ова се најчестите промени:

Проблемот со исфрлањето на цела група на намирници е што тие обично се заменуваат со друга, веројатно поштетна. Се разбира, ако го исклучите овошјето и јадете повеќе зеленчук, тоа е добар избор. Меѓутоа, доколку прибегнете кон слатки или брза храна поради недостаток на овошје, не сте му направиле услуга на вашето тело.

Предноста на овошјето не е само тоа што ќе јадете помалку нездрава храна. Овошјето е богато со вода и влакна, кои даваат ситост и го спречуваат прејадувањето.

Студијата објавена во списанието Appetite ја истражува разликата во ситоста после јадење јаболка, сос од јаболко и сок од јаболко пред солен оброк. Резултатите покажале дека јадењето јаболко пред ручек може да го намали внесот на храна за 15%, додека сокот и сосот не постигнале таков ефект.

Воспалени мускули

Дали ги знаете оние болки во мускулите кои се јавуваат 12 до 48 дена по интензивниот тренинг? Ако избегнувате јаглехидрати, кои вклучуваат овошје, може да го влошите воспалението и може да трае подолго.

Најдоброто овошје за намалување на воспалението на мускулите се бобинки и вишни. Студијата објавена во Journal of the International Society of Sports Nutrition покажа дека боровинките го намалуваат воспалението и оштетувањето на мускулите предизвикани од вежбањето.

Во оваа студија, 10 жени пиеле смути од боровинки или плацебо 5-10 часа пред вежбање, а истиот пијалак повторно го испиле 12-36 часа по вежбањето. Со мерење на оксидативниот стрес и антиоксидативниот капацитет 60 часа по вежбањето, научниците откриле дека смутито од боровинки го забрзува обновувањето на мускулите и го намалува оксидативниот стрес кој се јавува 36 часа по вежбањето.

Студијата објавена во списанието Antioxidants in Sport Nutrition наведува дека со конзумирање на сок од цреша, тркачите спречиле болки во мускулите, замор и забрзано закрепнување на мускулите.

Хипогликемија

Замор и вртоглавица се вообичаени симптоми на низок крвен шеќер или хипогликемија, а тоа може да се појави за време на вежбање. Избегнувајќи го овошјето, го пропуштате наједноставниот и најбрзиот начин да добиете „гориво“ (гликоген).

Овошјето е одличен извор на здрави јаглехидрати, што значи дека ќе ги внесете потребните хранливи материи, а нема да чувствувате надуеност. Бидејќи свежото овошје содржи и влакна, нема да има нагло скок на шеќерот во крвта.

Силна желба за храна

Не ја потценувајте моќта на овошјето во спречувањето на желбата за храна. Ако често чувствувате желба за слатки, проучете што сте јаделе тој ден, можеби не сте јаделе никакво овошје.

„Најчест пример е желбата за чоколадо. Чоколадото е богато со магнезиум, како и бананите и авокадото. Кога на вашето тело му недостига магнезиум, ќе копнеете за чоколадо“, вели диететичарката Триста Бест.

Овошјето содржи микронутриенти кои му се потребни на телото за правилно функционирање и одржување на оптимално здравје.

„Кога не внесуваме одредени хранливи материи од овошјето, можеме да создадеме недостаток на хранливи материи“, додаде Бест.

Ова, се разбира, може да влијае на здравјето и функционалноста на нашето тело.

Проблеми со дишењето предизвикани од вежбање

Според студијата објавена во списанието Antioxidants in Sports Nutrition, спортистите на диета без овошје може да доживеат повеќе респираторни проблеми, вклучително и влошување на астмата предизвикана од вежбање.

Истражувачите велат дека спортистите со исхрана богата со антиоксиданси би можеле да се заштитат од воспаление на дишните патишта предизвикани од тренинзи и загадување. Секако, зеленчукот може да обезбеди и антиоксиданси во борбата против воспаленијата, но експертите препорачуваат внесување и на овошје и на зеленчук со цел телото да добие што повеќе различни видови на хранливи материи.

Нездрави црева

Човечките црева содржат многу микроорганизми, а во зависност од исхраната и начинот на живот, тие можат да бидат лоши и добри. Важно е да се одржуваат што повеќе добри микроорганизми бидејќи тие влијаат на варењето и на имунолошкиот систем. Без влакна и хранливи материи од растенијата (полифеноли) кои ги добиваме со јадење овошје и зеленчук, може да дојде до нерамнотежа во цревната флора.

Нарушувањата на дебелото црево може да доведат до различни состојби и болести, вклучувајќи алергии, кардиоваскуларни болести, метаболички синдром, дијабетес и дебелина. Но, не грижете се, лесно можете да ги вратите вашите црева во рамнотежа.

Едно истражување покажа дека жените кои јадат две јаболка дневно можат да го подобрат здравјето на цревата за само две недели. Научниците веруваат дека за тоа е одговорен пектинот кој се наоѓа во јаболката.

Гасови, надуеност, запек и слично

Други потенцијални несакани ефекти од премногу лоши бактерии во цревата, како што се гадење и рефлукс, може да се должат на недостаток на влакна во овошјето.

„Овошните влакна делуваат како пребиотици во цревата, кои се хранат со добри бактерии“, вели Бест.

Премногу лоши бактерии доведуваат до гасови, надуеност, запек, па дури и хронично воспаление во телото, а сето тоа може да влијае на имунолошкиот систем и кардиоваскуларното здравје.

Со консумирање на две порции овошје дневно, можете да спречите многу проблеми и да го подобрите целокупното здравје. Доколку не сте љубители на самото овошје, можете да го комбинирате со путер од кикирики или да направите смути.

Мускулни грчеви и висок крвен притисок

Овие два проблеми може да изгледаат неповрзани, но тие всушност можат да настанат поради недостаток на калиум во телото. Калиумот ги опушта крвните садови, што значи дека се намалува крвниот притисок, ризикот од мозочен удар и грчеви во мускулите. Овошјето е најважниот извор на калиум. Го има во бананите, портокалите, лубениците, грејпфрутот, сувите сливи и урмите.

Друга важна состојка во овошјето која може да го намали крвниот притисок, флаван-3-ол, е збир на соединенија кои можат да ја подобрат васкуларната функција. Го има во јаболката, грозјето, крушите и бобинките.

Доколку избегнувате да јадете овошје, избегнувате и внесување на антиоксиданси, витамини и минерали кои се клучни за здравјето на кожата.

Колку овошје треба да јадете?

Кога станува збор за консумирање овошје, обично постојат два типа на луѓе: некои целосно го избегнуваат, додека други го консумираат прекумерно.

„Всушност, идеалната количина е некаде помеѓу овие две крајности и варира од личност до личност. Има четири важни работи што треба да ги имате на ум за да ви помогнат да сфатите колку овошје ви треба: придржувајте се до два до четири оброци - една порција е една чаша овошје или парче овошје со големина на тениско топче, потребата за овошје се заснова на потребата за енергија - кога јадете повеќе јаглехидрати отколку што консумирате, вишокот ќе ги нахрани вашите постоечки масти или ќе се складира како маснотии, бидете внимателни кога јадете - обидете се да јадете овошје пред активност, така што ќе користите јаглехидрати за гориво, овошјето е богато со хранливи материи - најважната причина за редовно внесување овошје“, вели нутриционистот Синтија Сас.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе