Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на училиште поради соученичка со Даунов синдром

Народниот правобранител, по објавата за случајот со ученичката со Даунов синдром од Гостивар која не била прифатена од родителите на учениците од класот и наставата ја следела во посебна просторија, формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот.

Како што се наведува во соопштението на Народниот правобранител, случајот покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот.

Според Народниот правобранител, недозволиво е овие ученици да бидат жртва на непоготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација.

Впрочем, како што се наведува во соопштението, изминатите години сите чинители во општеството кои се занимаваат со оваа проблематика, вклучувајки ја и институцијата Народен правобранител дадоа голем придонес во реформите во образовниот просцес, токму во делот кој се однесува на инклузивноста на учениците, затоа што различноста не смее да биде сфатена како казна, како што тоа е направено во конкретниот случај.

Народниот правобранител ги охрабрува родителите за вакви случаи да не молчат, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите. Исто така, смета дека е добро што медиумите покажуваат сензибилност и ги објавуваат сториите, но укажува на фактот дека при објавувањето на овие стории мора максимално да се води сметка за заштита на најдобриот интерес на детето и да се избегнуваат експлицитни кадри или фотографии од децата.

Претходно, медиумите објавија дека родителите на другите ученици од основното училиште „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека девојчето било агресивно кон нивните деца. Детето во првото полугодие од учебната година било изолирано само во сала да ја следи наставата, откако претходно го менувало класот на секои две недели.

„Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука како родители да се бојкотира наставата од страна на редовните ученици“, стои во соопштените на родителите.

Според директорот Адем Идризи, 11-годишното девојче никогаш не било агресивно, пренесе Слободен печат.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Македонија

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Read more

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Read more

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Read more

Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме

Read more
 

Вести

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Читај повеќе

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Читај повеќе

Избрани 15-те млади поети кои ќе читаат на „Отскочна даска“ 2024

Читај повеќе

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Читај повеќе

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Читај повеќе