Русија го затвори воздушниот простор за 36 земји

Русија го затвори својот воздушен простор за 36 земји, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

„Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските земји да вршат летови на цивилни авиони управувани од руски авиокомпании и/или регистрирани во Русија, беше воведено ограничување за летови на авиокомпании од 36 земји“, соопшти Росавиация, руската Федерална агенција за воздухопловен транспорт.

Како што е наведено, ограничувањата ќе ги погодат авиокомпаниите во следните земји:

  • Австрија
  • Албанија
  • Ангвила
  • Белгија
  • Британски Девствени Острови
  • Бугарија
  • Германија
  • Грција
  • Данска (со Гренланд, Фарски Острови и Територијално Море)
  • Естонија
  • Ирска
  • Исланд
  • Италија
  • Канада
  • Кипар
  • Латвија
  • Литванија
  • Луксембург
  • Малта
  • Норвешка
  • Обединето Кралство (со Гибралтар и Џерси)
  • Полска
  • Португалија
  • Романија
  • Словачка
  • Словенија
  • Унгарија
  • Финска
  • Франција
  • Холандија
  • Хрватска
  • Чешка
  • Шведска
  • Шпанија

Руската управа за цивилно воздухопловство денеска им забрани на британските авиони да го користат нејзиниот воздушен простор како одговор на одлуката на Лондон да ги забрани летовите на руската авиокомпанија Аэрофлот.

Се наведува дека мерката е донесена како одговор на „непријателските одлуки“ на британските власти кои ги забранија летовите на руската авиокомпанија Аэрофлот кон Обединетото Кралство во рамки на санкциите поради руската инвазија на Украина.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе