Откако дел од руските банки е исфрлен од SWIFT системот, поради строгите економски санкции воведени од Западот, Русите панично почнаа да ги вадат заштедените пари.
Рускиот весник Новаја Газета објави видеоснимка од Руси во Москва кои чекаат во редици за да извадат пари од банкоматите.
САД, ЕУ и сојузниците постигнаа договор да го укинат пристапот на одреден број руски банки до меѓународниот платен систем SWIFT.
Руската рубља денес падна во текот на главната трговска сесија на Московската берза за повеќе од 8 проценти во однос на доларот и еврото, пренесе руската агенција Тас.
Војната во Украина остави последици и на цената на нафтата, барел нафта поскапе за 4,5%. Цената на сирова нафта во Њујорк порасна за 5,34 долари и сега изнесува 99,10 долари по барел.
Покрај тоа, биткоинот забележа пад од 1,2%.