Компанијата Samsung го најави пристапниот 5G смартфон кој ќе пристигне на пазарот во Европа во февруари.
Се работи за моделот Galaxy A32 5G кој на купувачите во Европа во февруари ќе им биде понуден во две варијанти. Моделот со 64 GB интерна меморија ќе чини 279 евра, додека за моделот со 128 GB интерна меморија треба да издвоите 299 евра.
Galaxy A32 5G доби 6,5-инчен екран со резолуција 1.600х900 пиксели, батерија од 5.000 mAh, задна главна камера од 48, ултраширока од 8, макро 5 и камера за длабочина од 2 MP. Селфи камерата има 13 MP.
Samsung не откри за кој процесор станува збор, но се верува дека станува збор за Dimensity 720.
Galaxy A32 5G има и слот за мемориска картичка, а ќе биде достапен во четири бои – бела, црна, сина и виолетова.